Реклама
Македонија

Илија Тентов е нов градоначалник на Дојран

Според првични резултати Илија Тентов, кандидат за градоначалник на Дојран од ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според првични резултати Илија Тентов, кандидат за градоначалник на Дојран од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, е нов градоначалник на Дојран по одржаниот втор круг од локалните избори во оваа општина.

Според партиски ивори, Тентов освоил околу 500 гласови повеќе од кандидадот на СДСМ и коалицијата, Ристо Џинев.

Тентов на неговиот фејсбук профил се заблагодари за довербата од граѓаните.

Реклама

-Оваа победа не е само моја – ова е победа на сите нас, на луѓето што веруваат во чесност, труд и подобро утре!, напиша Тентов.