Реклама
Македонија

ИЈЗ: Расте бројот на заболени од грип, засега нема потреба од продолжување на зимскиот распуст

Нема да има продолжување на зимскиот распуст, иако грипот моментално е во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема да има продолжување на зимскиот распуст, иако грипот моментално е во полн ек. Според епидемиолозите, станува збор за вообичаен сезонски бран кој се појавува секоја година во овој период.Иако вирусот ќе биде присутен и во наредните недели, лекарите посочуваат дека состојбата е стабилна и се следи внимателно, без знаци дека би можело да дојде до сериозно влошување.

„Бројките се очекувани за овој период од годината. Точно е дека засега имаме раст неколку недели порано од очекуваното. Засега сме во средна активност и тоа засега не дава можност да даваме претерани мерки како што е продолжување на зимскиот распуст. Ја следиме состојбата и доколку има промени, ќе дадеме соодветни препораки“, изјави д-р Драган Кочински – раководител на Оддел за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ.

Од 5 до 11 јануари се регистрирани 2.322 заболени од грип, што е за околу една третина повеќе отколку претходната недела. Во споредба со истиот период лани, бројот на заболени е повеќе од двојно зголемен.

Реклама

Од Институтот за јавно здравје апелираат – децата со симптоми да не се носат во училишта и градинки за да не се шири грипот. Се препорачува избегнување гужви, редовно проветрување, внес на витамини и останување дома при први симптоми.

Како општи мерки се препорачуваат избегнување на простории со голем број луѓе, редовно проветрување, консумирање витамини и минерали, како и останување дома во случај на заболување. Доколку симптомите се влошуваат или не се повлекуваат, граѓаните се упатуваат да се јават кај матичен лекар или инфектологизјави д-р Кочински.

Грипот ја зема и првата жртва оваа сезона. Пациентка на 75 годишна возраст пред четири дена починала на Инфективната Клиника.Жената имала повеќе коморбидитети, не била вакцинирана а вирусот кај неа предизвикал компликации поради кои било неопходно болничко лекување.

Од Инфективна очекуваат бројот на хоспитализирани да биде уште повеќе зголемен на крајот на месецот и почетокот на февруари кога го очекуваат пикот на грипот.