Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Хорор во старски домови во Скопје – корисници заклучувани, спиеле по двајца на кревет

Ужас и изживување на стари луѓе – спиеле во ист кревет по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ужас и изживување на стари луѓе – спиеле во ист кревет по двајца, ги малтретирале и тепале, им давале храна со изминат рок и лекови на своја рака – приказна како од хорор филм во два старечки дома во Скопје. Во акцијата на полицијата и ОЈО е разотркриен суров и деградирачки треман на стари згрижени луѓе кои биле сместени во дом. Осомничени за нехумана грижа се две сопственички на иста приватна установа, која е на две локации и добија мерка притвор по наредба на обвинтелството.

По наредба на јавен обвинител, на сите згрижени стари луѓе им е извршен лекарски преглед и анализи од страна на стручни лица од Институтот за судска медицина.

„Во домот во Бутел, биле сместени 27 корисници наместо дозволените 21, а во домот во Центар биле сместени 33 корисници наместо дозволените 17. Утврдено е дека осомничените вршеле физичко и психичко насилство и ги изложувале корисниците на „сурово, нечовечко и понижувачко однесување“ информираат од ОЈО.

Реклама

За услугата која не ги исполнувала стандардите, од семејствата на корисниците се наплаќал значителен износ. Двата објекти месечно остварувале вкупна имотна корист од 36 илјади евра.

Истрагата покажала дека двата старечки дома од 2022 година до денес не ја вршеле дејноста во рамки на издадените дозволи,сместувале корисници над дозволениот капацитет, неуредно ја воделе пропишаната евиденција за корисници на социјална услуга, не поседувале досие со стручна документација за сите корисници, немале вработено соодветен број стручни кадри во смена, а имале работници и без соодветна документација за вработување, како што налагале правилата од Министерството за социјална политика.