Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Македонија

Граѓаните задоволни од најавеното попуштање на рестриктивните мерки

Предлогот за пократок полициски час ги израдува граѓаните. Задоволни се од најавеното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлогот за пократок полициски час ги израдува граѓаните. Задоволни се од најавеното ублажување на рестриктивните мерки за движење, за кое денеска ќе одлучува Владата. Велат подобро на воздух со заштитна опрема, отколку заклучени дома со денови. Најзадоволни се постарите граѓани, кои наместо од 10 до 12, ќе можат да излегуваат по четири часа, од 8 наутро па се до пладне.

„Мислам дека треба да се подели времето, бидејќи четири часа до 12 се повеќе од доволни за да се завршат сите активности. Не е само пазарувањето, треба да има два часа претпладне и два часа попладне“, велат граѓаните.

„Се навикнавме. Носиме заштитна опрема, маски и ракавици“, велат минувачите.

Реклама

„Го поздравувам зголемувањето на периодот за движење на повозрасните лица, бидејќи за два часа немавме време за пазарување, за посета на аптеки. Вака малку ќе се растерети, ќе нема гужва“, велат граѓаните.

Сепак дел од нив стравуваат дека намалувањето на рестрикциите носи опасност од зголемување на бројот на заболени со Ковид 19.

„Постарите тоа лесно го прифатија, за помладите е проблем бидејќи тие се поактивни. сепак мислам дека бројот на заразени ќе се зголеми, бидејќи не сме дисциплинирани“, вели еден граѓанин.

Предлогот за ублажување на мерките до Владата го достави Комисијата за заразни болести, во време кога здравствените власти се уште го очекуваат пикот на болеста. Препораката е наместо од 16 часот во работните денови полицискиот час да стартува од 19 часот и да трае до пет часот наутро следниот ден. Скратен ќе биде и викенд полицискиот час – нема да почува во петок, туку во сабота во 16 часот и ќе трае до понеделник наутро.
Ублажувањето на мерките за движење ќе донесе нови правила. Надлежните најавуваат дека сите граѓани ќе треба да носат заштитни маски, марами или шалови на носот и устата кога ќе посетуваат затворени продавници, маркети и аптеки, но ова ќе важи и за зелените пазари, каде невозможно е да се држи физичката дистанца од два метри. За непочитување на мерките ќе следат парични казни.

Биљана Божиновска