Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Градоначалникот Ѓорѓиевски се обрати на Националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, учествуваше и се обрати на Националната конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, учествуваше и се обрати на Националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). На конференцијата се дискутираше за клучните предизвици и потребата од унапредување на меѓуинституционалната соработка, со цел подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот во урбаните и руралните средини, се вели во соопштението од Град Скопје. 

Во своето обраќање, градоначалникот Ѓорѓиевски ја истакна важноста на системските решенија, модерната инфраструктура и координираниот пристап за создавање побезбедно, современо и функционално Скопје.

Неговата изјава Ви ја пренесуваме во целост:

Реклама

Имав чест да се обратам на Националната конференција ,,Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа”, организирана од РСБСП. 
Дискутиравме за унапредување на меѓуинституционалната соработка како и за размена на добри практики и искуства, а со цел подобрување на безбедноста во урбаните и руралните средини.

Скопје, е срцето на државата.
Економски, културен и социјален центар, град во кој секојдневието е динамично, а сообраќајот претставува вистински предизвик. Секој возач, велосипедист или пешак носи дел од одговорноста за безбедноста на улиците.

Тоа е задача што нè обврзува сите – од семејствата, преку училиштата и институциите, до медиумите.
Нашата метропола е голем сообраќаен јазол, со огромна патна инфраструктура и поврзани домашни и меѓународни патишта и автопати.

За да функционира оваа сложена мрежа, потребни се системски, професионални и координирани решенија.
ЈП „Улици и патишта“, ЈСП, Градски паркинг, сообраќајната полиција, факултетите, училиштата, техничките центри и невладиниот сектор мора да работат како една целина, а со цел улиците да бидат безбедни и функционални за сите граѓани. 

Безбедноста во сообраќајот не се сведува само на семафори или пешачки премини, туку тоа е цел систем кој ги менува навиките, односот и свеста на учесниците во сообраќајот.
Брзото возење, непочитувањето на правилата и игнорирањето на пешачките премини мора да станат исклучок, а не секојдневие. За тоа е потребна постојана координација меѓу сите чинители – институции, јавни претпријатија, граѓаните и медиумите.

Огромен придонес во зголемувањето на безбедноста ќе има новиот Safe City систем. 
Тој веќе почна пробно да функционира преку опомени, но од Нова година ќе почне и да ги казнува несовесните возачи. Со ова системско решение директно ќе се намалат прекршоците, ќе се поттикне култура на одговорно возење и ќе се обезбеди сигурност на улиците за сите.  

Во насока на зголемување на безбедноста и растеретување на сообраќајниот хаос, градот Скопје ќе има клучна улога.
Проектите од мојата програма се токму во таа насока: кружниот тек и подземната сообраќајница кај Лимак, двата кружни тека кај „Тобако 2“, новото решение во Бутел кое ќе ја подобри проодноста и безбедноста кон Радишани и Чучер Сандево, модерното сообраќајно решение со кружен тек во центарот на Ѓорче Петров, како и новата клучка на источниот влез на градот кај Хиподром.
Ова се дел од нашата визија „Нула несреќи“ со која до 2030 година ќе реконструираме и унапредиме 50 опасни крстосници и улици по европски стандарди, за Скопје да стане град каде секој учесник во сообраќајот се движи сигурно и без страв.

Нашата цел е Скопје да биде град побезбеден од просекот на главните градови во Западен Балкан.
Град во кој ризикот од смрт или сериозни повреди во сообраќајот е минимизиран, каде животот на граѓаните е заштитен, а улиците сигурни за секого. Подобрувањето на квалитетот на животот е директно поврзано со намалување на сообраќајните незгоди, а ние се стремиме кон град каде нема загинати лица и каде сериозните повреди со траен инвалидитет ќе станат минато.
Скопје треба да биде град каде сообраќајот функционира предвидливо и безбедно.
Град каде мобилноста е ефикасна, инфраструктурата е создадена за сите и за возачи, велосипедисти и пешаци и каде секој може да се движи без страв.

Скопје и скопјани заслужуваат тоа.
И ние сме тука да го направиме можно со систематски, координирани и одговорни решенија за современ, безбеден и достоинствен град.