Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, од денеска до 29 октомври престојува во Стразбур, Франција, каде учествува на 51-та сесија на Конгресот на локалните и регионалните власти при Советот на Европа, информираат од Општина Кисела Вода.

-Учеството на 51-та сесија на Конгресот на локалните и регионалните власти при Советот на Европа е можност за размена на искуства со претставници од европските локални самоуправи, запознавање со добри практики и отворање нови можности за соработка. Придобивката од ова учество е стекнатото знаење и искуство што можеме да ги примениме во развојот на Општина Кисела Вода, со цел подобри услуги и поквалитетен живот за граѓаните- изјави Стаменкоска Трајкоска.

