Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Градежни активности во карбинското село Таринци

Почнаа градежните активностите за асфалтирање на улица „3“ во село Таринци во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почнаа градежните активностите за асфалтирање на улица „3“ во село Таринци во Општина Карбинци, која ќе биде трет влез во селото. Улицата е со должина од 540 метри, а ќе биде уредена со тротарски површини и е проект, кој е финансиран од страна на Владата преку заемот од Унгарија. Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов денеска изјави дека улицата ќе биде завршена до крајот на оваа седмица, а инвестицијата изнесува седум милиони денари.

-Се започнува да се асфалтира дел од улица „3“, ова е влезот или третиот влез на селото Таринци, улица која што од пред неодамна започна со својата изградба, по подобрување на временските услови, го нанесуваме завршниот слој на асфалт и ќе останат одредени, поситни активности на истата улица, која што деновиве треба да биде целосна завршена. Овој асфалт и оваа улица ќе придонесе да имаме поинакви можности за жителите на село Таринци, со тоа што овој трет влез ќе биде на некој начин во корист на жителите-рече Паунов. 

Паунов нагласи дека Општината и понатаму ќе продолжи со своите активности, пред се во делот на патната инфраструктира, со што се очекува жителите во општината да имаат подобри услови за живот.