Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Ѓорѓиевски води во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Ѓорче Петров и Кисела Вода, СДСМ во Центар, ВРЕДИ во Чаир

Според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК), кандидатот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК), кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со освоени 41,04% од гласовите.

Зад него се Башким Бакиу од ВРЕДИ со 17,05% и Скендер Реџепи од НАИ со 15,56%. Следуваат Амар Мециновиќ од Левица со 10,47% и Каја Шукова од СДСМ со 9,42%. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, бележат водство и во повеќето скопски општини.

Во општина Аеродром, кандидатот Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ води со освоени 56,81 проценти од гласовите, пред кандидатот на СДСМ, Александар Трајановски, кој има 18,27 проценти.

Реклама

Во Гази Баба, водство има Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ со 50,97 проценти, додека Влатко Митовски има поддршка од 24,20 проценти. Во Ѓорче Петров, кандидатот Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ води со 58,06 проценти, а неговиот противкандидат од СДСМ, Костадин Ацевски, има 19,22 проценти.

Во Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 58,59 проценти, пред Јане Ацевски од Левица кој има 16,71 процент. Во Сарај, води Блерант Рамадани од НАИ со 49,66 проценти, додека Мухамет Елмази од ВРЕДИ има 48,63 проценти.

Во Центар, водство има Горан Герасимовски од СДСМ со 38,58 проценти, пред Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ кој има 25 проценти. Во Чаир, Изет Меџити од ВРЕДИ има поддршка од 55,61 проценти, додека Бујар Османи од НАИ има 36,86 проценти.

Во Бутел, води Исамедин Азизи од НАИ со 55,45 проценти, пред Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој има 23,02 проценти. Во Карпош, Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ води со 38,61 проценти, додека Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 24,09 проценти.