Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Ѓорѓиевски ветува дека за 72 часа ако стане градоначалник на Скопје ќе го реши пробемот со сметот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски ветува дека за 72 часа доколку стане градоначалник ќе го реши проблемот со комуналниот отпад во Скопје. 

Ѓорѓиевски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека во чистењето на градот ќе помогнат градските служби, општествено одговорни компании, а ќе бидат вклучени и граѓаните затоа што во изминатиот период добил голем број понуди да се приклучат во чистењето на градот. 

– Кога имаме глува градска власт, кога имаме нефункционална градска власт се соочуваме со тоа во сите општини со нашите ресурси колку што можеме да работиме само за да постигнеме подобри услови за нашите граѓани. Тука ќе помогнат и градските служби и општините, и општествено одговорните компании и скопјани затоа што во изминатиот период имам голем број понуди да се приклучат да помогнат, рече Ѓорѓиевски.

Реклама

Тој посочи дека во изминатиот период во општина Кисела Вода, каде се уште е актуелен градоначалник, се тргаат контејнерите од нивните локации и се остава по еден контејнер со цел да му се нанесе штета.

– Во изминатиот период свесно и намерно се вадат контејнерите од микролокациите со цел да се создаваат диви депонии околу контејнерите. На позициите каде имало по три до четири контејнери, сега е оставен само еден, сметајќи некој дека со тоа ќе ми предизвика штета. Сметам дека таа што го води градот уште десетина дена го потценува сопствениот народ, а скопјани добро знаат кој се грижи за нив и работи за нив, а кој со вакви смешни интриги се служи во изминатите четири години, рече Ѓорѓиевски.  

И кандидатката за градоначалника на Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска-Трајкоска вети дека проблемот набрзо по локалните избори ќе биде решен.