Реклама

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

Македонија

Ѓорѓиевски: Октомври е месец што нè потсетува дека превенцијата и контролите спасуваат животи

Розов октомври – провери, спречи, победи. На покана на Унијата на жени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Розов октомври – провери, спречи, победи. На покана на Унијата на жени од Скопје, денеска се приклучив на маршот посветен на подигање на свеста за ракот на дојка, информираше попладнево на неговата страница на „Фејсбук“, градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

– Октомври е месец кога носиме розова лента во знак на поддршка, месец што нè потсетува дека превенцијата и редовните контроли спасуваат животи. „Розовиот октомври“ е симбол на борбата против најчестиот карцином кај жените, борба што ја водат мајките, сестрите, ќерките, пријателките … борба што ја води жената – столбот на нашето општество, истакна Ѓорѓиевски.

Тој на социјалната мрежа подвлекува дека редовната контрола е сила и изразува поддршка за сите кои се бореле и победиле.