Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Ѓорѓиевски: Јас ќе бидам првиот кој ќе ја изгради првата подземна сообраќајница во Градот Скопје, а тоа е Лимак

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначланик на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначланик на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски во однос на тоа дали има шанси да се реализира во неговиот мандат подземната сообраќајница под хотелот Лимак, истакна дека има можност за тоа и ќе се реализира.

-Првата јавна набавка која што ќе биде распишана, а е поврзана со големи проекти е Лимак, има неколку фази, два кружни тока имаме кон Кисела Вода и еден е елипсоиден кружен тек од страната кај Нова Македонија, ќе бидат веднаш штом ќе влезам во Град Скопје отпочнати процеси за распишување на тендерска постапка за реализација на Лимак, вели Ѓорѓиевски.

Тој додава дека бил во посета на оваа сообраќајница и тоа што е направено под Лимак, вели, е навистина за секоја чест.

Реклама

-Тоа е нешто несвојствено за државата, затоа ми е сериозен предизвик. Јас ќе бидам првиот кој ќе ја изгради првата подземна сообраќајница во Градот Скопје, а тоа е Лимак и таму тоа што е изградено од сопствениците на Лимак е пресериозна работа, дури и несвојствено за Скопје. Останато е да се доасфалтира. Има осум ленти, по три од страните има за двосмерен сообраќај на автомобилите, и во средината уште две има за автобуси, и тротоари дополнително, порача Ѓорѓиевски.

Тој кажа дека овој проект ќе биде нешто по што ќе го паметат во градот.

-Јас еден ден нема да бидам политичар, треба да оставиме нешто по кое што ќе не паметат. Мене во овој дел од Скопје помеѓу Кисела Вода и Центар, ќе ме паметат по Лимак. Јас ќе бидам човекот што ќе ја изгради првата подземна сообраќајница, а тоа е Лимак. Верувам дека до втората половина од мојот мандат ќе биден ставен во функција Лимак, имајќи предвид дека детално беа прегледани проектите од мојот тим, вели Ѓорѓиевски.

Во однос на бараките во кои е сместена градската администрација, Ѓорѓиевски вели дека мора да се иселат од бараките бидејќи условите се, вели, супстандардни за вработените, а вели „јас сакам и морам да имам ефикасна администрација“.

-Што се однесува до градот Скопје и просторните услови таму, веќе разговаравме со прет на Владата Христијан Мицкоски, но и со директорот на СОЗР  Ивица Томовски, веќе разгледуваме две опции кои што ќе можеме да ги прмениме откако би ја преземал власта во градот Скопје. Не можам подетално да одоговорам денеска, но дека ќе создадеме подобри просторни услови и за странките, но и за вработените ќе создадеме, и конечно бараките ќе се дислоцираат од Градскиот парк, рече Ѓорѓиевски посочувајќи дека таму нема да се градат ни згради, ниту хотели. 

За останатите кандидати кои се во трката за градоначалници на Град Скопје, вели, секоја нивна идеја која ќе придонесе за поквалитетен живот ќе биде земена предвид и применета.

-Горан Марковски ќе биде вклучен после изборите како дел од моите советници доколку би прифатил таква работа да помогне во однос на сите овие проекти кои што треба да ги реализираме. Каја Шукова, мислам самата се понуди за директор на Комунална хигиена. Може ќе спроведеме постапка – интервју. Ако се покаже дека е најдобар кандидат можеби ќе биде поставена за директор… Така што апсолутно јас сум растеретен од тоа кој од каде доаѓа, истакна Ѓорѓиевски.