Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Ѓорѓиевски: Делото на Св. Климент Охридски е камен темелник на нашата културна самобитност што продолжува да нè води низ времињата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави дека со делегација на Град Скопје положи цвеќе на споменикот на Св Климент Охридски пред Универзитетската библиотека што го носи неговото име, по повод државникот празик 8 Декември посветен на најголемиот македонски учител и духовник.

-Дденеска со длабока почит се поклонуваме пред споменикот на Св. Климент Охридски, пред делото на светителот по чија мудрост, посветеност и учителска мисија светот нè препознава. Честит и вековит празник, Македонијо! Македонскиот народ со гордост го чествува денот посветен на еден од најзначајните ученици на светите браќа Кирил и Методиј, основачот на првиот универзитет и творецот што ги постави темелите на писменоста и духовноста на европската цивилизација. Неговото дело е камен темелник на нашата културна самобитност што продолжува да нè води низ времињата, напиша Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски во објавата порачува – да го чуваме, негуваме и да го браниме споменот и делото на најголемиот македонски учител и духовник.