Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Главните европски аеродроми и денеска имаат проблеми поради сајбер-нападот

Главни европски аеродроми, меѓу кои во Берлин, Лондон и Брисел, и денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Главни европски аеродроми, меѓу кои во Берлин, Лондон и Брисел, и денеска се соочуваат со доцнења и нарушен проток на патници поради сајбер-напад врз клучниот софтвер за чекирање. Инцидентот произлегува од напад врз „Колинс аероспејс“, кој во петокот вечерта го онеспособи нивниот глобално користен MUSE софтвер.

Платформата е критичен дел од работата на авиокомпаниите и ги поддржува процесите на чекирање, качување во авион и обработка на багаж. Со офлајн терминали, персоналот е принуден на рачна обработка на податоците за патниците, што значително го забавува целиот процес.

Аеродромот Берлин-Бранденбург објави дека доцнењата продолжуваат, додека лондонскиот Хитроу соопшти дека „огромно мнозинство на летови“ функционира, но им препорача на патниците внимателно да ја проверуваат состојбата на своите летови пред поаѓање. Дополнително, од патниците се бара да не доаѓаат на аеродромот порано од три часа за меѓународни летови и два часа за регионални.