Реклама

Ниски трошоци за контно производство, цената на гопривата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

Македонија

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски објави дека кобилата која се оджредби на улица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски објави дека кобилата која се оджредби на улица во Карпош и ждребето се згрижени и во карантин во скопската Зоолошка градина. Ги повика Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за шумарство и водостопанство итно да пристапат кон заедничка, координирана акција, секој во рамките на своите надлежности потенцирајќи дека Скопје мора да биде безбеден, уреден и хуман град.

– Утрово нѐ затекна веста за кобила која се ождреби на улица во Скопје. Раѓањето нов живот треба да биде убава вест.

Но, кога тоа се случува на асфалт, во несоодветни услови и изложено на опасност, тоа е сериозен повик за одговорност.

Реклама

Веднаш реагираа екипите на ЗОО – Скопје и стручните лица, иако тоа не е наша обврска. Благодарност со службите на ЗОО – Скопје што веднаш постапија и покажаа вистинска грижа со дела, но ова наше постапување не го решава системски проблемот! Не смееме да се навикнеме на сликите на напуштени и есклоатирани животни по скопските улици! Кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман – напиша Ѓеорѓиевски на Фејбук.

Со нивното згрижување, потсетува тој, не завршува обврската и ги повика Агенцијата за храна и ветеринарство и МЗШВ итно да пристапат кон заедничка, координирана акција, секој во рамките на своите надлежности. 

– Потребни се конкретни мерки, како заштита и соодветно згрижување на животните, одговорност за нивната експлоатација и злоупотреба. Иако не сме надлежни, Град Скопје го ставам на располагање со сите расположливи капацитети за да помогнеме во оваа акција. Очекувам итен одговор и конкретно постапување. Доколку тоа изостане, ќе ја преземеме иницијативата и ќе ги искористиме сите механизми во рамките на нашите надлежности – посочува скопскиот градоначалник.

Ѓорѓиевски во објавата наведува дека нема да дозволи ова да остане само уште една вест што ќе се заборави до утре бидејќи Скопје мора да биде безбеден, уреден и хуман град.

– Метропола во која институциите постапуваат, а неодговорноста има последици – посочува градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.