Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Германската компанија Гересхајмер ја зголемува својата инвестиција: Се очекуваат нови високо платени работни места

Во насока на континуирана комуникација со сите инвеститори, директорот на Дирекцијата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во насока на континуирана комуникација со сите инвеститори, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски оствари средба со менаџментот на германската компанија Гересхајмер, која ја гради својата втора фабрика во ТИРЗ Скопје 2. На средбата се разговараше за досегашните активности на компанијата и плановите за зголемување на инвестицијата на 140 милиони евра, која првично изнесуваше 126 милиони евра.

Директорот Димовски истакна дека ова зголемување на инвестицијата претставува позитивен знак за успешноста на политиките на Дирекцијата во соработка со Владата. Тој посочи дека зголемувањето на довербата од страна на инвеститорите е потврда дека државата може да понуди стабилна, предвидлива и конкурентна бизнис клима, што е од клучно значење за реализација на долгорочни високотехнолошки проекти кои ќе донесат висока додадена вредност за целата економија.

Томас Мартинс, директор на фабриката во Скопје изрази задоволство за досегашната соработка со Дирекцијата за ТИРЗ и Владата, при што беше нагласено дека токму стабилната поддршка и отворената комуникација биле клучни фактори во одлуката за проширување на инвестицијата. Од негова страна беше истакнато дека оваа проширена инвестиција ќе генерира пошироко индустриско и економско влијание врз регионот, вклучувајќи повисоки технолошки стандарди и зајакнати мрежи на добавувачи, при што се очекува и зголемување на просечниот годишен раст на продажбата на локацијата.

Реклама

Ова зголемување од 126 милиони евра на 140 милиони евра, сериозно ја позиционира германската фармацевтска компанија Гересхајмер како сериозна инвестиција во историјата на независна Македонија, при што се очекуваат нови високо платени работни места.

Дирекцијата за ТИРЗ и натаму продолжува активно да работи на унапредување на деловната клима, со цел привлекување на нови странски директни инвестиции, како и поттикнување на постоечките инвеститори за проширување на своите проекти, со цел унапредување на Македонија како атрактивна локација за странските инвеститори.