Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Герасимовски: Водевме фер, чесна и конструктивна кампања, во недела се потврдува победата

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, вели дека по резултатите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, вели дека по резултатите од првиот круг и поддршката што ја добива од терен во изминатите денови, смета дека во недела, заедно со граѓаните на Центар, ќе се потврди големата победа, стои во соопштението на Герасимовски.

„Нашите очекувања и анализите кои ги имаме се дека поддршката расте, а во вториот круг ќе ја зголемиме разликата. Сметам дека водевме фер, чесна и многу конструктивна изборна кампања, која беше длабоко втемелена во програмата за следните четири години. Мојата програма не беше изборен памфлет како на мојот противкандидат, туку сериозен стратешки и политички документ составен врз база на остварливи ветувања и проекти за секој дел од Центар и за секоја категорија граѓани. Ова е суштинската разлика меѓу мене и другата опција“, истакнува Герасимовски.

Тој потенцира дека не се служел со ниски напади, лаги и манипулации како што тоа го правеа противкадидатите, туку се фокусирал на реални ветувања и конкретни проекти кои граѓаните на Центар ги препознаа.

Реклама

„Центар и центарци не потпаѓаат на стари потрошени трикови и негативна кампања, знаат да препознаат искрен пристап и посветена работа, и затоа очекувам во недела да ми ја дадат поддршката“, вели Герасимовски.