Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Герасимовски се приклучи на хуманитарната акција и ја потпиша Општинската декларација за поддршка на волонтерството 

По повод Светскиот ден на волонтерството – 5 Декември, градоначалникот на Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Светскиот ден на волонтерството – 5 Декември, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се приклучи на хуманитарната акција во просториите на Општинската организација на Црвениот крст – Центар, во ДХО „Даре Џамбаз“, каде што волонтерите подготвуваа пакети со храна за социјално загрозени семејства.

Градоначалникот, соопшти општинската прес-служа, даде поддршка на активностите посветени на грижата за ранливите категории граѓани, истакнувајќи ја клучната улога на волонтерите во градењето на одговорно, солидарно и хумано општество.

– Ги повикувам сите граѓани да се приклучат на волонтерските иницијативи. Секој придонес е добредојден и значи многу за оние на кои им е потребна помош и грижа. Волонтирањето носи позитивни промени, не само во заедницата, туку и на индивидуално ниво. Преку ваквите несебични активности не само што помагаме на другите, туку и самите се градиме како хумани и емпатични личности, истакна Герасимовски.

Реклама

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на волонтерството, Општина Центар ја усвои и Општинската декларација за поддршка на волонтерството, со која се реафирмира значењето на волонтерскиот труд, човечката солидарност и граѓанската одговорност.

Со декларацијата се утврдуваат заложбите на општината за промовирање на волонтерството, зајакнување на соработката со хуманитарните организации, создавање услови за поттикнување на младите и повозрасните кон волонтерски активности, како и јавно признание на придонесот на волонтерите во заедницата.

– Општина Центар континуирано организира хуманитарни акции, донации и настани, меѓу кои и традиционалните хуманитарни базари во кои активно волонтираат младите и пензионерите. Овие локални иницијативи имаат за цел поддршка на социјално загрозени семејства и поединци и поттикнување на солидарноста во заедницата, се вели во соопштението.