Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, во официјална посета на земјата

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, од денеска до 8…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, од денеска до 8 мај ќе престојува во прва официјална посета на Македонија.

Негов домаќин е министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, со кого ќе има тет-а-тет средба, а потоа и заедничка прес-конференција.

Во рамките на посетата предвидени се средби на Берсе со државниот врв, со ресорни министри, како и низа други активности поврзани со соработката со оваа значајна меѓународна организација, посветена на промоцијата на човековите права, владеењето на правото и демократските вредности, во која минатата година земјава одбележа 30 години членство – соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.