Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Газдата на „Марковски Компани“ во притвор – судот ја прифати жалбата на ОЈО за скандалот во РЕК Битола

Кривичниот совет на Основниот суд во Битола го прифати предлогот на Основното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривичниот совет на Основниот суд во Битола го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и на осомничениот сопственик на фирмата „Марковски Компани“, Борче Марковски, му определи мерка притвор. Со оваа одлука, судот ја уважи жалбата на обвинителството и ја преиначи првичната одлука на судијата на претходна постапка, кој претходно определил полесна мерка.

Од битолското обвинителство информираат дека судот ги прифатил нивните аргументи, особено во делот на ризикот од бегство на осомничениот кој имал и имот во странство.
„Со ова е уважена жалбата и аргументите изнесени од обвинителството, особено во поглед на ризикот од бегство на осомничениот“, стои во соопштението.

Обвинителството дополнително информира дека сè уште не е добиено известување за исходот на жалбата што ја поднело за мерката куќен притвор одредена за осомничениот раководител во РЕК „Битола“. Првичната одлука на судот предизвика бура реакции во јавноста.

Реклама

Станува збор за компанија која во периодот на претходната власт добивала тендери во вредност до стотици милиони. Последниот случај за кој е отворена истрага и за кој сопственикот на „Марковски Компани“ заврши во затворски притвор е за тендер со кој државниот буџет бил оштетен за 100 милиони денари.