Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Гаши: Предлогот на СДСМ и Левица за анкетна комисија за Кочани вратен на доуредување

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска информираше дека на редовната средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска информираше дека на редовната средба со координаторите на пратеничките групи е констатирано дека Предлог одлуката за основање на анкетна комисија за трагичниот настан во Кочани поднесена од Левица и СДСМ не е уредна поради тоа што тие бараат да имаат мнозинство во Комисијата, а имаат и претседател.

Гаши на брифингот со новинарите објасни дека опозициските партии бараат мнозинство што не е во согласност со Деловникот, повикувајќи се на членот 124 од него и поради тоа иницијативата за основање анкетна комисија е вратена на доработка.

СДСМ и Левица бараат покрај претседател, СДСМ и ДУИ да имаат по четворица пратеници, ВМРО-ДПМНЕ тројца, Вреди двајца, а ЗНАМ еден.

Реклама

Гаши информираше дека до Собранието не е доставен предлог за нови членови на Владата и оти не би знаел да каже кога тие ќе бидат доставени, но оти кога ќе се случи тоа седница може веднаш да биде свикана.

Во однос на Изборниот законик, до Собранието треба да биде доставена информација од Министерството за правда дали се работи на нов текст, пред да се одлучи дали ќе биде формирана работна група од пратеници кои би работеле на негови измени.

Во однос на другите закони поврзани со реформската агенда и правосудството, претседателот на Собранието рече дека веднаш штом ќе бидат доставени ќе биде направена динамика за нивно носење.

За измените на Кривичниот законик поврзано со одлуката на Уставниот суд за застарувањето на делата „злоупотреба на службена положба“ Гаши очекува многу брзо да стигнат во Собранието.  Според него, тој би можел да биде донесен до 26 декември.

Изборот на Народниот правобранител во Собранието, според него зависи од договорот на политичките партии застапени во Собранието.