Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Гаши на Економскиот парламентарен форум на Парламентарното собрание на Медитеранот

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши денеска и утре ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши денеска и утре ќе учествува на Економскиот парламентарен форум на земјите членките на Парламентарното собрание на Медитеранот (ПАМ), кој ќе се одржи во Маракеш, Мароко.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на настанот ќе учествуваат и пратениците Сали Мурати, Калтрина Беќири и Дафина Стојаноска,членовите на Делегијата на ПСМ во Собранието на Република Северна Македонија.

Основни теми на Форумот се: Еволуцијата на меѓународната трговија и финансиите во регионот; Енергетската адаптација како повеќедимензионален пристап кон одржлив развој; Развојот и управувањето со вештачката интелигенција, со посебен акцент на улогата на парламентите во нејзината примена и регулација.

Реклама

Во текот на своето учество на настанот, претседателот Гаши се очекува да оствари повеќе билатерални средби, со цел унапредување на соработката и размена на ставови по актуелни прашања.

Парламентарното собрание на Медитеранот е меѓународна организација основана во 2005 година од националните парламенти на земјите од Евро-медитеранскиот регион. Тоа е правен наследник на Конференцијата за безбедност и соработка во Медитеранот (КБСМ), започната во раните 90-ти. Парламентарното собрание на Медитеранот (ПАМ) е меѓународна организација, која ги обединува 34 парламенти-членки од Евро-медитеранскиот и Заливскиот регион за да дискутираат и да се соочат со критични прашања, како што се регионалните конфликти, безбедноста и борбата против тероризмот, хуманитарните кризи, економската интеграција, климатските промени, масовните миграции, образованието, човековите права и меѓуверскиот дијалог.