Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Гаши им врачи благодарница на волонтери од Црвен крст за придонесот по пожарот во Кочани

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска им врачи благодарница на волонтери од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска им врачи благодарница на волонтери од Црвениот крст на Македонија, во знак на признание за севкупниот придонес и поддршка во надминување на последиците и предизвикани од катастрофалниот пожар во Кочани што се случи годинава на 16 март. Благодарницата беше врачена во рамки на настанот во Собранието по повод 5 декември – Светскиот ден на волонтерството.

Иле Матеничарски од Црвен крст – Кочани во изјава за медиумите рече дека волонтерите се херои, вистински пример во заедницата и секој треба да ги следи нивните чекори.

– Самата благодарница што денеска ја примивме претставува огромна поддршка и признание дека сме признаени и видени од страна на населението и на Собранието и претставува патоказ на нашите волонтери за нивна мотивација за понатамошни успеси, истакна Матеничарски.

Реклама

Тој рече дека вратите на Црвениот крст се отворени, секој кој сака може да се приклучи, а се со цел заедно да се направат општествени промени во заедницата.

Александра Соколова, исто така, волонтер во Црвен крст – Кочани, изјави дека по несреќата во градот, со многу брза реакција, волонтери од цела држава биле распоредени и во здравствени установи и насекаде каде што биле потребни.

– Присутни сме по повод Денот на волонтерите. Ми претставува особено чест тоа што јас сум токму таа која го прими ова признание денеска од претседателот на Собранието. Благодарница што претставува признание за сите волонтери кои несебично учествуваат, ги даваат најдрагоценото време и енергија и со цело свое срце се вклучени во сите активности на терен, подвлече Соколова.

Собранискиот претседател Гаши во изјава за медиуми се осврна на настанот од утрово, кога пратеници и волонтери од Црвениот крст во Скопје излегоа заедно на терен за да помогнат таму каде што е потребно.

Како што беше појаснето, активностите опфаќале пакување и дистрибуција на хуманитарна помош, поддршка за бездомници, помош на стари и изнемоштени лица во домашни услови, социјални активности за поддршка на лица од третата доба, поддршка за лица со попреченост, промотивни активности од областа на првата помош и крводарителство и други хуманитарни и социјални активности во заедниците.

– Заедно со пратеници од сите политички партии, сите кои сакаа да учествуваат и имаа можност, бевме поделени во неколку групи и ние, како пратеници, учествувавме активно во волонтерството и бевме дел од таа армија на волонтери во државата, која е над пет илјади. Сакам да искажам голема благодарност кон оние, кои секогаш се подготвени да помогнат на луѓе без никаков надомест, туку само затоа што сакаат да бидат луѓе, да останат луѓе и да им помагаат на луѓе кога тоа им е најпотребно, додаде Гаши, истакнувајќи дека за првпат се организира ваков настан, и изрази надеж оти ќе ги има и многу повеќе во иднина.

Тој потсети дека идната година е година посветена на волонтерството, но, ги повика сите пратеници постојано да ја покажуваат хуманоста.

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити рече дека сакаат да испратат порака оти волонтерството е вредност и капитал на секое општество, па и на нашето.

– Беа вклучени околу дваесетина пратеници, толку и побаравме, затоа што капацитетите и можностите на просториите каде се волонтираше отприлика тоа го бараат. Интересот беше навистина на потребното ниво, одговори тој на новинарско прашање.

Саити беше дециден дека денот се слави меѓу другото и за благодарност до волонтерите за нивните придонес и труд и да се поттикне и да се потсетат општествените чинители кои се одговорни за одлуките во државата, да го поддржат волонтирањето и напорите на волонтерите.

– Денеска отпочнуваме со потпишување на парламентарната декларација за поддршка на волонтирањето, на потпишување локални декларации по општините од страна на градоначалници и советите, и секако, ќе оди една повелба граѓанска што ќе биде објавена на веб-страницата на Црвен крст. Секој граѓанин ќе може во текот на 2026. да ја потпише, во смисла на поддршка, додаде Саити.