Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Фрчковски заработи кривична пријава за незаконско трошење илјадници долари додека беше амбасадор во Њујорк

Широка рака имал поранешниот македонски амбасадор во ОН.. За околу 2 ипол…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Широка рака имал поранешниот македонски амбасадор во ОН.. За околу 2 ипол години, Љубомир Фрчкоски, додека беше на чело на макеонската мисија во ОН во Њујорк, незаконски и без согласност на МНР потрошил речиси 117 илјади долари. Поранешниот амбасадор и уште тројца други заработија кривична пријава за злоупотреба на државни сретства. Станува збор за пари во износ од речиси 4 милиони долари, од продаден имот во сопственост на поранешна Југославија во САД, кои наместо целосно да ги  уплати на сметка на Буџетот, дел од нив ги  задржал и ги потрошил незаконски. На државата и уплатил 3.940.000 долари, а над 58 илјади останале на сметката на мисијата на Македонија во Обединетите нации.  Фрчкоски според кривичната пријава,  трошел и други државни пари кои ги правдал како аванси за службени патувања, прикажувал дупли сметки за телефон, подигнувал пари за поправка на службено возило и тоа без дозвола од МНР

Покрај ненаменски потрошените 58.721,72 американски долари од продажба на имот, истиот со незаконското и ненаменско користење на буџетските средства по основ на земени аванси за службен пат, помалку вратен депозит за резиденцијата на амбасадорот, пречекорувања на дозволениот износ за мобилен телефон, како и неоправдани и дупли плаќања на одредени сметки за телефон, нерасчистено салдо во касата на Постојаната Мисија на РСМ при ООН во Њујорк, направени издатоци за репрезентација повеќе од дозначените средства, подигнати парични средства од касата на ПМ за поправка на службено возило без претходна согласност од МНР, причинил материјална штета во износ од 57.855,18 американски долари, соопштија од МВР

Полицијата поднесе кривична за уште тројца кои биле задолжени за контрола на благајната. Иако морало,  не ги проверувале документите кои ги приложувал амбасадорот, исплаќале пари од благајната и плаќале од сметката на Постојаната мисија.  

Реклама

……Со неизвршување на своите службени должности противзаконски му исплаќале парични средства од благајната, вршеле плаќања од банкарската сметка на Постојаната Мисија на РСМ при ООН во Њујорк и не ги евидентирале неправилностите направени од страна на пријавениот Љ.Д.Ф. во однос на располагањето со финансиските средства. Со наведените дејствија пријавените Љ.Д.Ф., К.Г., Ј.И. и И.С. причиниле штета на буџетот на РСМ во вкупен износ од 116.576,9 американски долари, се вели во соопштението од МВР.

Амбасадорувањето на Фрчкоски, кој во минатото беше и министер за внатрешни и надворешни работи, од почетокот беше проследено со скандали. Неговото заминување во Њујорк, следеше откако не успеа да стане амбасадор во Вашингтон.  Фрчкоски поднесе оставка откако МНР му побара отчет поради можни финансиски нерегуларности во работењето. Тогаш демантираше за парите од продадениот имот на некогашната СФРЈ и тврдеше дека ги уплатил во буџетот на  Македонија.