Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Формирана Македонско – шведска стопанска комора

 Економската соработка помеѓу Македонија и Шведска ќе се надградува преку активности на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Економската соработка помеѓу Македонија и Шведска ќе се надградува преку активности на Шведско-македонската  стопанска комора која ќе биде динамичен мост за поврзување на компаниите, институциите и идеите од двете држави, беше истакнато денеска на официјалната инаугурација на комората во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во Скопје. Промоцијата во државава следува по официјалниот старт на оваа комора во октомври во Стокхолм. 

Марија Николовска, претседател на Комората најави дека клучни активности на комората ќе бидат поддршка на компаниите, олеснување на соработката на бизнисите, организирање форуми и настани и промоција на иновативни еколошки бизнис практики. 

– Нашиот фокус во иднина ќе биде практичен, ориентиран кон иднината и воден од членството. Ќе работиме на формирање комитети, организирање бизнис-форуми, поддршка на трговски мисии, овозможување размена на знаења и создавање можности за компании од сите големини. рече Николовска.  

Реклама

Таа ги повика македонските компании да го истражат шведскиот пазар за воспоставување нови партнерста, а шведските компани да го препознаат потенцијалот на нашата држава.

Како што соопшти извршниот директор на комората Самуил Наумовски Викиус, членки  на комората се компании од двете држави од различни сектори.

–  Целта е заедно да понудиме што повеќе знаење, експертиза и поврзувања. Отворени сме за членство на што повеќе компании, рече Наумовски Викиус, најавувајќи дека следната година ќе организираат  Инвестициски форум во државава, во соработка со владини претставници, туристичко роад шоу за Македонија,  Шведско-македонски бизнис форум…

Заменик министерот за надворешни работи Зоран Димитровски ја истакна определбата за интензивирање на билатералната соработка и јакнење на економските врски со Шведска.  Посочи дека комората ќе служи како мост за поврзување на компаниите и охрабрување за нови инвестиции и трговски партнерства.

– Денес додаваме нова и динамична платформа која ќе ги продлабочи нашите економски врски и ќе создаде нови можности и за нашите бизниси и за нашите граѓани, рече Димитровски.

Ола Сулстром, амбасадор на Шведска во државава, пак, порача дека јакнењето на економската соработка ќе биде клучниот чекор во 2026 година за натамошна надградба на одличното партнерство меѓу двете држави. 

– Партнерството меѓу Шведска и Македонија е во одлична состојба. Тоа е фантастично партнерство изградено врз доверба, заеднички интереси, човечки врски и заедничка визија за тоа какво треба да биде нашето партнерство и во која насока треба да се движи Европа.

Укажа  и дека јакнењето на економските врски е тимска работа, во која главната улога ја имаат бизнисмените и оти е убеден дека следната година ќе има нови постигнувања во економската соработка.