Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност

Министерот за правда Игор Филков во последното интервју осврувајќи се на реформската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Игор Филков во последното интервју осврувајќи се на реформската агенда и законите кои се подготвени од Министерството за правда вели дека во целост се исполнети сите рокови, а за некои дури и е завршено порано.

„Нашата работа не се мери со декларативни заложби, туку со конкретни резултати. А фактите говорат дека сите закони кои се дел од реформската рамка се подготвени или се во финална фаза на усвојување. Еден од клучните закони е новиот Закон за Судски совет каде воведуваме јасни критериуми, отворени постапки, и механизми за одговорност. Прецизирани се условите за членство, се уредува разрешувањето, се зајакнува транспарентноста. Ова е удар на клиентелизмот. Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност. Законот е испратен на мислење на Венецијанската комисија”, потенцира Филков.

На ЕНЕР е објавен и Предлог Законот за јавното обвинителство каде за прв пат се предвидува посебен буџет.

Реклама

„Ако некој обвинител до вчера зависел од политичка волја за ресурсите, утре тоа ќе заврши. Обвинителството ќе добие своја фискална независност. Тоа не е само финансиска мерка – тоа е институционален штит. Исто така, се гарантираат транспарентни постапки за избор и дисциплински механизми. Ова е нов почеток. Во план и подготовка се и предлог Законот за судски буџет, предлог Законот за Советот на јавни обвинители, предлог Законот за јавнообвинителска служба, измени на Изборниот законик, со поддршка на ОДИХР, закони со кои се регулираат платите на судиите, јавните обвинители, и јавно обвинителската служба (рок јуни 2025), Закон за помилување, Закон за вештачење, Закон за нотаријат, Закон за извршување, Закон за пробација, Закон за извршување на санкции, Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, Закон за заштита на лични податоци”, посочува министерот Филков.

Во однос на Изборниот законик, министерот вели дека се прават подготовките, се иницира процес, но мора да има политичка зрелост. Сепак треба да се има предвид дека изборното законодавство бара широк политички консензус и тука ќе треба конструктивен пристап и поддршка од клучните политички фактори во земјата. Нешто кое за жал во досегашните изборни циклуси резултираше со дискрепанци меѓу нацрт верзијата на законот подготвена со поддршка на ОДИХР и усвоениот законик од страна на Собранието.

Во однос на прашањето- зошто има разлика во роковите? Едни рокови се наведени во Реформската агенда, други во Годишната програма на Владата, министерот за правда Игор Филков појаснува дека реформската агенда предвидува до кога Собранието мора да го донесе законот – тоа е крајниот рок за целосно усвојување. Од друга страна, Годишната програма на Владата го определува рокот до кога Министерството треба да го изготви законот и да го достави — најпрво до ЕНЕР (системот за јавни консултации), па потоа до Владата. Ова е начин да обезбедиме доволно време за јавна расправа, мислења од Венецијанската комисија, владини процедури и собраниски дебати.

Министерот за правда Игор Филков е убеден и верува дека ќе се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем.

-Верувам – и тоа не само како министер, туку како граѓанин. Правда и одговорност нема да дојдат сами по себе, тие се резултат на напорна, доследна и искрена работа. Нашата обврска е да ги поставиме стандардите, да обезбедиме транспарентност, но и да бидеме гласни кога има злоупотреби. Граѓаните заслужуваат институции кои функционираат, судови кои судат, правично и обвинителства кои дејствуваат неселективно. Тоа не е идеализам – тоа е наша задача. И ќе ја завршиме, порача министерот за правда Игор Филков.