Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Филипче прогласи победа на СДСМ во три општини, за Скопје ќе коментира кога ќе има попрецизни резултати, не планира да поднесе оставка

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва на прес-конференција во партиското седиште изјави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва на прес-конференција во партиското седиште изјави дека СДСМ во првиот круг од локалните избори победил во три општини, и ги повика граѓаните за помасовна излезност во вториот круг. Тој кажа дека не планира да поднесе оставка, туку дека ќе работи на натамошна консолидација на партијата.

-Од досега пристигнатите резултати од локалните избори СДСМ во првиот круг победи во три општини – крива Паланка, Кривогаштани и Богданци. Од преброените близу 70 отсто од гласовите водиме во уште девет општини, тоа се Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново, Валандово, Конче, Крушево; Лозово и Ранковце и таму ќе има втор изборен круг. И дополнително уште неколку општини каде што сме на второ место – Неготино, Виница, Демир Капија, Зрновци… рече Филипче.

Лидерот на СДСМ апелираше до граѓаните за помасовна излезност во вториот круг, бидејќи, како што рече, важно е избраните градоначалници да имаат легитимитет од што поголем број на граѓани.

Реклама

-Овој резултат не е тој што го посакувавме сите, но имајќи ги предвид околностите во неклои општини имаме зголемување на бројот на гласови, кога ќе ги споредиме со минатата година и тоа е доказ на таа консолидација којашто започна изминатите месеци во партијата, порача тој.

Во однос на Град Скипје, истакна дека се уште ги чекаат резултатите, кои доаѓаат поспоро бидејќи доаѓаат од сите скопски општини.

На новинарско прашање за досегашните резултати од Град Скопје, со оглед дека според досегашното броење Левица е пред Каја Шукова, и дали смета дека тоа ќе биде голем удар за СДСМ, рече дека ќе ги почекаат точните бројки за Скопје, за да искоментират точно и прецизно. 

Тој повтори дека во неколку општини се уште не е јасен исходот, повторувајќи дека има еден добар дел општини во кои има зголемување на бројот на гласовите.

Филипче на новинарско прашање дали планира да поднесе оставка со оглед на изборниот резултат, особено во Град Скопје, кажа дека нема да поднесе, туку дека ќе работат на натамошно консолидирање на партијата. 

-Сметам дека има огромен број на луѓе до коишто допираат нашите пораки, и каде резонираат и навистина ова е еден почеток, заклучи Филипче.