Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Филипче: Ние знаеме кои сме и на кој јазик говориме, ова е загарантирано и со договорите со ЕУ

Лидерот на опозициската СДСМ – Венко Филипче, ја обвини Владата дека таа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на опозициската СДСМ – Венко Филипче, ја обвини Владата дека таа ги злоупотребила македонскиот јазик и идентитет за свои политички цели. Според него, СДСМ ѝ оставила на Владата јасни позиции, кои, поради лошиот дипломатски пристап, биле нарушени. Јазикот и идентитетот, според Филипче, биле јасно дефинирани и заштитени во ЕУ.

„Она што е прво и најважно да се каже е дека извештајот не е извештај за постоењето на македонската нација, македонскиот јазик или македонскиот идентитет. Македонскиот јазик и идентитет се јасно дефинирани и заштитени. Никој не може да ги допре или да им наштети. На македонски се преведува во ЕУ, на македонски се потпишуваат договорите меѓу ЕУ и Македонија, на македонски се говори во Унијата. Ова го гарантира Преговарачката рамка,“ рече Филипче.

Со ова, тој порача дека европските институции веќе ја признаваат македонската реалност и дека ваквите прашања не се предмет на преговарање, туку се веќе решени и обезбедени.

Реклама

„Во својот мандат, СДСМ успешно ги отфрлаше обидите македонскиот јазик да биде исклучен од извештајот затоа што имавме пријатели и стратешки партнери кои гледаа дека искрено се бориме за ЕУ-интеграција,“ истакна Филипче.

Тој додаде дека ова не е само нивна заслуга туку и резултат на искрената борба за европска иднина која е разбрана и поддржана од партнерите.

„Ние знаеме кои сме, на кој јазик говориме и токму тоа го загарантиравме со договорите,“ подвлече Филипче.

Во продолжение, Филипче објасни дека македонскиот народ има јасна визија и силна волја да се интегрира во ЕУ, но без отстапки од своето национално достоинство и идентитет.

„Нашата борба и визија беа јасни: да го заштитиме јазикот и идентитетот и што поскоро да влеземе во ЕУ како Македонци кои говорат македонски јазик. Ова во ниеден момент не беше, ниту пак е, загрозено сега,“ рече Филипче.

Тој нагласи дека македонскиот јазик и идентитет се сигурни и непроменливи, но дека неодговорните политики на актуелната власт ја оддалечуваат државата од ЕУ.

„Македонскиот јазик е безбеден, идентитетот е безбеден. Но македонската интеграција во Унијата е сè подалечна поради политиките и изборите на власта,“ истакна Филипче.