Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Филипче и Дончиќ во Загреб потпишаа Меморандум за соработка меѓу СДСМ и СДП

Во рамки на посетата на Загреб, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на посетата на Загреб, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче и претседателот на СДП Хрватска, Синиша Хајдаш Дончиќ потпишале Меморандум за соработка меѓу двете партии.

Со потпишувањето на Меморандумот, како што посочуваат од партијата, СДСМ и СДП Хрватска ја потврдуваат заедничката посветеност на вредностите и принципите на европската социјалдемократија, како и определбата за продлабочување на соработката меѓу прогресивните политички сили во Европа. 

Целта на Меморандумот, како што се наведува во соопштението на СДСМ, е зајакнување и унапредување на меѓупартиската соработка преку размена на искуства, политички решенија  и заеднички придонес за развој на демократијата и социјален напредок.

Реклама

-Како клучни цели и задачи кои произлегуваат од Меморандумот, се зајакнување на демократските институции и инклузивната демократска култура, промовирање на социјалната правда, солидарноста, еднаквоста и човечкото достоинство, како и поддршка на работничките права, социјалниот дијалог и модернизацијата на социјалните политики, посочуваат од опозициска СДСМ.

Меморандумот, посочуваат од СДСМ, предвидува соработка и размена на искуства во повеќе области, меѓу кои партиска организација и развој, креирање јавни политики, социјална и економска политика, политики за работнички права, учество на младите и жените во политиката, локално управување, зелена  транзиција, како и соработка во процесот на европска интеграција и регионална стабилност.

-Соработката ќе се реализира преку конкретни активности како заеднички работни групи, конференции и тематски дебати, обуки, размена на експерти и редовни консултации меѓу партиските раководства. Со потпишувањето на Меморандумот, СДСМ и СДП Хрватска ја зајакнуваат меѓупартиската соработка и ја потврдуваат заедничката заложба за демократска, социјално – праведна и европска иднина, се наведува во соопштението на СДСМ.