Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Филипче го осуди нападот во Инфомакс, бара од власта да го расчисти случајот и да одговори дали е договорен план за преземање мигранти

Претседателот на СДСМ Венко Филипче го осуди синоќешниот напад на новинарите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на СДСМ Венко Филипче го осуди синоќешниот напад на новинарите од Инфомакс и апелира медиумските здруженија да застанат зад своите колеги, а надлежните институции да го расчистат случајот.

Како што истакна Филипче на вонредна прес-конференција, според информациите што ги има СДСМ, напаѓачот е член на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче, кој оцени дека на земјава и се случува српското сценарио, ги повика сите партии, невладини организации, студенти и јавни личности на состанок за, како што напомена, дефинирање на следните чекори за Македонија.

Реклама

– Синоќа се случи физички напад во живо додека траеше програмата. Ова е најголемиот медиумски инцидент по упадот во А1 во 2010 година. Ситуацијата е алармантна и многу сериозна. ВМРО-ДПМНЕ ја издаде Македонија. Со денови наназад зборуваме за моделот преземен од Србија. Го гледаме истото сценарио како пред десет години кога владееја Груевски и Мијалков. Слободата на граѓаните и медиумите е загрозена, потенцира Филипче.

СДСМ, потсети партискиот лидер, со денови предупредува дека премиерот Мицкоски договорил преземање мигранти во Македонија. 

-Со денови бараме одговори дали е договорен план за преземање мигранти, дали ќе им се даде престој, дали ќе им се обезбеди работа, дали потоа ќе добијат македонски пасоши, дали планираат да ги сместат во шатори или да им градат социјални станови. Но, одговор нема, одговорот е јасен, мигранти во јуни во Македонија, рече Филипче.

Тој е дециден дека избори се планирани на пролет.

– Премиерот Христијан Мицкоски под превезот на лаги го крие проектот „Мигранти за пари“ кој сака да го протне кај граѓаните пред изборите кои ги планира на пролет, обвини Филипче

Претседателот на СДСМ не одговараше на новинарски прашања со образложение дека прес-конференцијата е вонредна.

Видеото погледнете го на следниот линк: