Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Филипче да не молчи, да се огради од наркодилерот Стојков и да се извини на јавноста за лошиот пример што им го дава на младите

Венко Филипче со тоа што молчи и не се оградува од наркодилерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче со тоа што молчи и не се оградува од наркодилерот Андон Стојков, им дава лош пример на младите. Поранешниот претседател на СДММ Струмица, Андон Стојков и близок човек на Заев и Филипче во Штип е фатен од страна на полицијата со дрога, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и Филипче се опкружени со криминалци и уживатели на психотропни супстанци. Дали за Филипче е нормална појава користењето на психотропни супстанци, бидејќи се почесто неговите партиски функционери се фатени со дрога. Што има заедничко Филипче со уживатели на дрога и криминалци и зошто постојано настојува да е опкружен со нив и на приватни настани и забави. Што прават младите на состаноците на партиските подмладоци на СДСM низ Македонија и дали се безбедни? Каков пример им дава Филипче на младите во државата? Дали Филипче молчи затоа што можеби и тој има корист од наркотрговијата на Стојков, и поради тоа молчи и го штити Стојков? Јавноста ја виде вистината за СДСM на дело, партиските функционери на Филипче и Заев се опкружени со криминалци, бандити и наркодилери, посочуваат од владејачката партија.

„СДСM е синоним за неспособност, предавства и криминал“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.