Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Фетаи: Ја зајакнуваме транспарентноста на институциите

На предлог на заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи на денешната седница на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На предлог на заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи на денешната седница на Владата беа усвоени важни одлуки за зајакнување на транспарентноста и отчетноста на државните институции. Според анализата на спроведувањето на Стратегијата за транспарентност 2023–2026, координирана од кабинетот на вицепремиерот Фетаи, произлегува дека претходната влада СДСМ-ДУИ реализирала само една активност од 24 мерки и 56 активности предвидени во акцискиот план на стратегијата.

Со денешните одлуки, Владата го задолжи работното тело за спроведување на Стратегијата за транспарентност 2023–2026 во рок од 7 дена да подготви измени на акцискиот план, со утврдување нови рокови и надлежни институции за реализација на активностите.

-Меѓу преземените мерки, се издвојуваат три: Министерствата и органите на државната управа во рок од 45 дена ќе ги објават сите информации од одговорените барања за пристап до информации од јавен карактер, анонимизирани, почнувајќи од 24 јуни 2024 година; Органите на државната управа кои немаат веб-страници, ќе ги креираат во рок од 90 дена; Министерствата и другите државни органи ќе ги објават на своите веб-страници внатрешните постапки за јавни набавки, информираат од Кобинетот на Фетаи.

Реклама

Институционалната транспарентност, додаваат, е врвен приоритет на оваа Влада. Ќе продолжиме да ја третираме оваа прашање со максимална сериозност, со цел да изградиме отворена и отчетна администрација кон граѓаните.