Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Прилози

Фалич­но обвинение, како вовед во судска лакрдија: Крупна грешка во чекори на Обвинителството за случајот Кочани

Проблематично и дискутабилно обвинение кое ќе биде речиси невозможно да се докаже.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проблематично и дискутабилно обвинение кое ќе биде речиси невозможно да се докаже. Најмалку три кривични дела наместо едно „загрозување на општа сигурност“ произлегува од самиот обвинителен акт за трагичниот пожар во кочанското кабере. Првната фела оценува дека обвинетите треба да се поделени во повеќе категории односно дека дел од нив треба да одговараат за  бесправна градба и реконструкција, втори за несовесно работење во службата. Третата категорија на обвинети се оние директно поврзани со настанувањето на пожарот и последиците со 62 мртви и над 200 повредени.

  • Верижната одговорност која ЈО ќе се обиде да ја докажува сметам дека ќе биде проблематичка и вака поставено обвинение останува да видиме во наредните денови како ќе биде оценето од Советот на оцена на обвинителен акт, кој според сегашната состојба на работите нема многу простор за корекции“ вели адвокатот Владимир Туфегџиќ во изјава за Алфа.

Адвокатот Туфегџиќ не е убеден дека обвинителите толку лесно ќе се откажат од вака поставеното обвинение.

  • Од 2021 година од кога се донесе јавното мислење од Врховниот суд, некои јавни обвинители поднесоа обвинение кои се граничат со правен ексибиционизам и до толку се неодржани што потоа се рефлектира на самата постапка. Едноставно не е само да се поднесе обвинение и тоа е причина што останува фактот дека некои обвинение се поднесени наменски и од тоа зависи унапредувањата на некои обвинители. И тоа е нешто за што треба сите ние да седнеме и да ги соочиме аргументите бидејќи сите имаме право на правна сигурност“ смета адвокатот Туфегџиќ.

И други адвокати реагираа дека обвинители случајно во брзање или пак намерно за брзо унапредување поставиле погрешно обвинение, а повисоките обвинителства не реагирале. Новинарот Бранко Героски пак смета дека станува збор за фалично обвинение, коешто треба да биде вовед во една судска лакрдија.

Реклама
  • Досегашната артикулација на револтот на унесреќените, досегашните протести – сето тоа јасно укажува дека станува збор за обид на Коцевски и на неговата инсталација во Јавното обвинителство од самиот старт да се искомпромитира потрагата по правдата за кочанската трагедија, да се произведе обвинение што ќе виси на стаклени нозе, да се принуди судот да суди со јакобински методи, а кога сето тоа заедно нема да биде доволно да се смират душите на унесреќените кочански семејства, кабаетот да падне на владата“ пишува новинарот Героски.

Републичкиот обвинител пак, се правда дека со поднесување на обвинието не значи дека не продолжила истрагата за други евентуално инволвирани.

  • „Во моментот на подгање на обвинение немаше докази за инспектори во УЈП. Но предистражната постапка беше отворена веднаш и таа се уште трае. Со обвинителниот акт не значи дека заврши постапката за Кочани “ рече Љупчо Коцевски – Републички обвинител.

За трагедијата во Кочани обвинети се 34 и 3 фирми и сите се товара за тешки дела против општата сигурност. Вториот обвинителен акт против сопственикот на фирмата за обезбедување Рубикон кој се товари дека лично дал инструкции за употреба на пиротехника, дозволувал влез на малолетници по полноќ и работел без безбедносен план.