Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Европскиот парламент ќе гласа по извештајот на Вајц

Европскиот парламент денеска во рамки на овонеделната сесија во Стразбур ќе гласа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европскиот парламент денеска во рамки на овонеделната сесија во Стразбур ќе гласа за усвојување на Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година.

На предлог текстот на извештајот се поднесени вкупно 28 амандмани, меѓу кои и три како заеднички предлог на европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ), со кои се бара бришење на формулацијата „македонски јазик и идентитет“ од документот.

Денешното гласање следува по синоќешната парламентарна дебата по Извештајот, на која Вајц, кој е известувач на Европарламентот за земјава, порача дека документот дава целосна слика за тоа каде се наоѓа земјата и во него се поздравуваат некои достигнувања, но се бараат и реформи, и се зборува за говорот на омраза, за злосторствата од омраза, за потребата од владеење на правото, борба против корупцијата и не само за усвојување на закони, туку и за резултати што ќе ги почувствуваат граѓаните.

Реклама

Вајц истакна дека пред 20 години земјава беше предводник на пристапниот процес кон ЕУ, кој го започна заедно со Словенија.

– Каде е Словенија денес, а што се случи со Македонија? Па, имаше некои пречки на патот. Пречки поврзани со историјата, пречки поврзани со војните од минатиот век, пречки со начинот на градење добри билатерални односи со соседите. Но, добрососедските односи секогаш треба да се градат од двете страни, тоа е многу јасно, додаде Вајц.

Тој нагласи дека иако земјава веќе 20 години е на европскиот пристапен пат и имплементираше доста значаен дел од европското законодавството, таа, иако требаше, се уште формално ги нема започнато преговорите за членство во ЕУ.

Во обраќање на дебатата, еврокомесарката за проширување Марта Кос истакна дека пристапување кон ЕУ е клучен двигател за спроведување на најважните реформи, па затоа е важно земјава да продолжи да напредува во пристапниот процес, пред се со спроведување на уставните измени.

– Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачи чекор кон ЕУ и да го искористи моментумот на проширување што е очигледно постои. Ние продолжуваме да ја поддржуваме Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, истакна Кос.

Таа нагласи дека со овој Извештај ЕУ дава јасна порака за поддршка на европскиот пат на земјата, но ги наведува и условите кои се потребни за таа да се придвижи напред.

– Сметам на поддршката од овој Дом за да останеме ангажирани. Македонија припаѓа во Европската Унија, додаде Кос.

Во текот на дебатата мнозинството европратеници изразија поддршка за европските аспирации на земјава и за нејзино пристапување кон ЕУ, оценувајќи дека таа покажала вистинска посветеност на напорите за членство, спровела важни реформи и се приближила кон ЕУ.

Тие порачаа дека проширувањето мора да остане процес на заслуги и дека напредокот во пристапувањето кон ЕУ треба да зависи од исполнување на Копенхашките критериуми, како и дека тоа не треба да се поткопува поради историско несогласување и билатерални прашања.