Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Македонија

Европски сојуз: Време е да ставиме крај на владеењето на ДУИ

“Време е да ставиме крај на владеењето на ДУИ. 20 години се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

“Време е да ставиме крај на владеењето на ДУИ. 20 години се на власт, зборуваат за реформи и Европска Унија а Македонија тоне во корупција” – порача албанската опозиција. На денешниот брифинг со новинарите, Изет Меџити, Африм Гаши и Билал Касами порачаа дека со години албанските гласачи немале алтернатива и сега кога веќе има два политички блока, Албанците ќе може да одлучат дали сакаат промени или сакаат да продолжи политиката на ДУИ.

Порачаа и дека после 8 мај, ќе се формира Влада која ќе се насочи кон европските интеграции на Македонија и неприкосновено ќе се борат против криминалот.

До ДУИ испратија пораки и дека е скандал тоа што струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој е на црна листа денеска присуствуваше на прославата на ДУИ каде се обраќаше Али Ахмети.

Реклама

“Тоа ја покажува само дволичноста на мнозинството. Заедничкото прославување каде Рамиз Мерко беше присутен а е на црна листа на САД покажува дека тие се заедно во криминалот и наместо да преземат нешто против тие кои се на црна листа, тие се држат заедно во криминалот” – рече Билал Касами.

Во врска со празното место во ДИК кое му припаѓа на албанската опозиција, тие најавија радикални мерки, односно блокирање на Собранието, ако до Нова година не биде решено ова прашање.

Според Африм Гаши, сите критики за корупцијата и криминалот во земјава, од страна на високи претставници на ЕУ и САД покажува дека власта е лицемерна. Додека зборува за европски вредности, истите ги погазува. Им порача на владините претставници дека се сигурни дека ќе изгубат на изборите.