Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Електронски седници и јавно гласање – Советот на општина Делчево се дигитализира

Советот на општина Делчево започнува процес на дигитализација на својата работа, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на општина Делчево започнува процес на дигитализација на својата работа, со што седниците на Советот во наредниот период ќе се одржуваат по електронски пат, а јавноста ќе добие целосен и транспарентен увид во работата на локалниот законодавен дом. Како што информира претседателот на Советот на општина Делчево, д-р Николчо Стојменовски, во тек е имплементација на пилот-проект за воведување современ дигитален систем за работа, кој ќе овозможи поефикасно функционирање и зголемена транспарентност.

-По успешната реализација на пилот-фазата и по официјалното потпишување договор со фирмата што го обезбедува софтверското решение, од почетокот на 2026 година електронскиот начин на работа ќе стане стандардна практика на Советот. Во рамки на новиот систем, седниците ќе се одржуваат електронски, а гласањето ќе биде целосно јавно и транспарентно. Граѓаните ќе можат во реално време да следат како гласал секој советник по поединечните точки од дневниот ред – дали гласал „за“, „против“, „воздржан“, бил „отсутен“, „се изземал“ или „не гласал“, информира Стојменовски.

Дополнително, седниците ќе бидат отворени за јавноста и ќе може да се следат во живо, без потреба од физичко присуство. Електронскиот дневен ред ќе биде однапред подготвен и јавно достапен, што ќе овозможи навремено информирање на граѓаните за темите што ќе се разгледуваат.

Реклама

-Како дел од дигитализацијата, ќе биде воспоставена и јавна електронска архива, преку која граѓаните ќе имаат постојан пристап до материјалите од седниците, донесените одлуки, резултатите од гласањата, како и до видео-записите од одржаните седници. Целта на овие промени е да се зголеми транспарентноста, да се зајакне довербата и да се доближи работата на Советот до граѓаните“, истакнува Стојменовски.

Со целосната примена на дигиталниот систем во 2026 година, општина Делчево како што додава Претседателот на Советот има амбиција да стане пример за модерно, ефикасно и отворено локално управување.