Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

ЕКСПЕРТСКА АНАЛИЗА: Давкова испрати силни обединувачки пораки во говорот, нагласувајќи дека секогаш кога треба ќе го користи ветото

Претседателка на левите и десните, на Македонците и на сите националности, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателка на левите и десните, на Македонците и на сите националности, на мажите и жените,  пораката за единство на новата шефица на државата Гордана Силјановска Дафкова влева сигурност кај граѓаните и ја оддава нејзината самостојност со која ќе носи државнички одлуки, коментира професорот по меѓународни односи при  Штипскиот универзитет, Дејан Маролов.

Како и во кампањата, таа уште еднаш даде ветување дека ќе биде претседателка на сите без разлика на партиските, националните и половите разлики.

Тој вели дека овие зборови на Силјановска влеваат надеж и сигурност кај граѓаните.

Реклама

Во нејзиниот моќен говор од собраниската говорница Силјановска Давкова не пропушти да напомене дека ќе го користи правото на вето, самоуверено и по свое убедување секогаш кога таа самата ќе го процени дека треба да го стори тоа. Овие пораки на Силјановска значат дека новата претседателка ќе биде шеф на сите и самостојно ќе ја извршува функцијата без никакви политички влијанија. За дел од аналитичарите, ова е главната порака во првиот претседателски говор на Силјановска.

Зборувајќи пред пратениците, Силјановска Давкова им упати силна порака на жените во Македонија. Зад секоја успешна жена, стои прекрасен маж, вели претседателката и уверува дека во Македонија има умни и посветени жени кои се потребни во политиката и на раководни државнички функции.