Реклама

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Македонија

ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека синоќа пред 23:00 часот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека синоќа пред 23:00 часот повторно бил предизвикан пожар во депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото кое беше активно претходните денови. Еден час подоцна пожарот бил изгаснат и затрупан.

– На местото веднаш се упатија скопските пожарникари кои почнаа со гаснење, но поради специфичноста на пожарот беше потребно истовремено затрупување на опожарената површина поради што се активираа градежни машини кои веќе беа таму, а брзо пристигнаа и нивните возачи. Еден час подоцна пожарот беше изгаснат и затрупан со што беше спречено ширење на огнот во главнината на депонијата, наведува ДЗС.

Во неделата депонијата „Дрисла“ ја посети и премиерот Христијан Мицкоски. – Благодарение на навремената интервенција на службите, ситуацијата е стабилна и не постои опасност за понатамошно ширење, напиша премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил.