Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Дурмиши: Со новите предлог-измени за игри на среќа комарот го оддалечуваме од образовните институции

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши истакна дека со новите најавени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши истакна дека со новите најавени измени на Предлог-законот за игри на среќа и за забавните игри се очекува да се стесни кругот на игрите на среќа.

-За првпат носиме закон за предлог измени на Законот за игри на среќа со којшто се предвидува 500 метри оддалеченост (на казината) од основните и средните училишта. За првпат ќе има ред, поголема заштита на јавниот интерес, особено кога се работи за младите – рече министерот за економија.

Дурмиши потенцира дека ограничувањето од 500 метри не е политичка мерка, туку заштитна мерка. – Сме поставиле јасни правила бидејќи нема да дозволиме комарот да се рекламира како брз начин за да се збогатат или лесна заработка, особено во содржините кои влијаат кај младите. Целта е јасна – да се стави голема контрола и европски стандарди во борбата против оваа индустрија – рече министерот. 

Реклама

Со предлог-измените се очекува да се забранат и електронските игри на среќа бидејќи, како што посочи министерот, знаеме дека младите многу брзо можат да стигнат до нив.

-Како владин кабинет ќе сме против ова се додека кога целосно ќе ги отстраниме од нашата земја. И тоа го правиме. Првично, измените се првиот чекор. Го стеснуваме нивниот круг, ги оддалечуваме од местата каде што се младите и ги ограничуваме рекламирањето – рече тој.

Министерот Дурмиши нагласи дека Владата секој ден работи на зголемување на животниот стандард на граѓаните.

-Со помош на колективните договори сме постигнале да ги зголемиме платите за да влијаеме во зголемување на продуктивноста во јавниот сектор, потоа да се зголеми минималната плата во приватниот сектор. Со Оперативниот план и со Законот за финансиска поддршка на инвеститорите со сите механизми. Ги поддржуваме приватниот сектор, стопанските комори и да создадеме подобри услови за вработените и тие да ја зголемат продуктивноста, истовремено ќе се зголеми и минималната плата. на ова сме посветени и работиме секој ден – рече Дурмиши.