Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

ДУИ си најде причина за да излезе на улица, Со нетрпение чекаат Уставниот суд утре да го укине „балансерот“

Интегративците вечерва нема да спијат за да ја дочекаат одлуката на Уставниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интегративците вечерва нема да спијат за да ја дочекаат одлуката на Уставниот суд за балансерот. Евентуалното негово укинување би можело да биде жарчето кое го чекаат за да го остварат сценариото за дестабилизација кое се најавува изминатиот период. Балансерот кои тие го донесоа – црвсто веруваат дека ги штити правата на Албанците иако прерасна во чиста злоупотреба при вработувањето под државна капа. Но, од партијата на Али Ахмети признаваат  дека протестите се опција која е ставена на маса, ама уште тлее надежта дека уставните судии нема да се решат да ги укинат вработувањата по етнички клуч.

  • Балансерот е алатката која што ни овозможи ние како Албанци да се чуствуваме дел од институциите и дел од државата. Затоа јас сакам да бидам оптимист и очекувам Уставниот суд да не го укине или поништи балансерот како алатка за вработување. Доколку тоа се случи нормално ние ќе треба да се браниме или да реагираме на една таква одлука која секако ќе биде неправедна. Дали сте имале разговори како би делувале? Имаме одредена рамка како би делувале но прво да ја сочекаме одлуката на Уставниот суд? Дали протести се опција? Остануваат дел од опциите“ вели за Алфа Арта Биљали Зендели од ДУИ. 

Универзитетски професори уште при 20-тина дена кога Уставниот ги стопираше вработувањата по национална припадност ја поздравија одлуката за преиспитување на уставноста на балансерот. Според професорот Јовевски, сега треба да покажеме дека сме зрело општество каде постои кохезија помеѓу различните етнички групи бидејќи дискриминацијата е надмината.

  • Без разлика каков став ќе заземе Уставниот суд, практично алатката изгуби на значење. Тука е главната поента. Дали Уставниот суд смета дека таа е уставна или не, самата алатка има веќе изгубено смисла. Се исполни целта и смислата и заврши времето. Кога вакви афирмативни алатки за дискриминација се користат, тие секогаш се од времен карактер, додека ја постигнат целта, после се оди на ставот дека општеството е зрело, без да има потреба од законски интервенции за афирмација на нееднаквоста, бидејќи кохезијата се негува и постои во општеството“, додава професор Јовевски.

Вработувањата по етнички клуч се плод на Охридскиот рамковен договор, и беа  спорни за мнозинството уставни судии.

Реклама

Предметот кој Уставен го оформи е на иницијатива на Антикорупциската комисија, со која се оспоруваат одредбите за правична етничка застапеност во институциите. Дебатата тогап меѓу уставните судии беше тензична, бидејќи тројца од нив: Осман Кадриу, Фатмир Скендер и Насер Ајдари се против оспорувањето на етничките вработувања, со образложение дека тоа би можело да предизвика меѓуетнички тензии.