Реклама
Македонија

ДУИ се предомисли, нема да гласа за законот за „Безбеден град“, излегоа со дополнителни барања

ДУИ се предомисли за законот за Сејф сити. Иако пред два дена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ се предомисли за законот за Сејф сити. Иако пред два дена од партијата на Ахмети најавија дека ќе дададат поддршка, денеска излегоа со друг став – нема да ги гласаат измените на Законот за прекршоци, за да може од 1 февруари да започне функционирањето на системот.

Координаторката на пратеничката група на Европскиот фронт, рече дека имаат дополнителни барања. Законските измени денеска се ставени на дневен ред на пленарна седница. Владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ќе гласаат, истото го најави и Левица, додека СДСМ слично како и ДУИ најавија дека нема да дадат поддршка. За законските измени да поминат потребно е двотретинско мнозинство.