Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

„ДУИ е селотејп, прават многу галама, али не лепат ништо“

Али Ахмети доби закана од неговиот главен преговарач , Мендух Тачи. Упатените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Али Ахмети доби закана од неговиот главен преговарач , Мендух Тачи. Упатените во политичките состојби, го посочуваат токму лидерот на  ДПА, како човекот кој директно молел кај Мицкоски за ДУИ да биде дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.  Политикологот Џенур Исени вели дека Тачи го разобличи Ахмети и сите негови тези кои ги тера со месеци. 

-Прво треба да кажеме дека Мендух Тачи до вчера беше во Европскиот фронт со Али Ахмети, беше главен преговарач од Европскиот фронт, за составување Влада со премиерот Мицкоски. Мендух Тачи тоа што зборува е тотално разоткривање и демаскирање на целиот наратив на ДУИ овие 15 месеци, бидејќи се што зборуваат не било точно. Од ДУИ, од коалицијата прават многу галама, али не лепат ништо, буквално се како селотејп коалција, изјави Исени.

ДУИ наместо со локални проекти, во предизборието решија да тераат кампања дека наводно преку емисари бил викани во Влада. Според Исени, тоа е очајнички обид на Ахмети да добие барем нешто, бидејќи нивните политики последниве две децении се откриени од сите граѓани.

Реклама

-Уште во албанскиве средини кандидатите на нивните ривали имаат канализација, водовод, патна инфраструктура, значи 20 години ДУИ раководеше со тие општини. Затоа кога знае дека со тој наратив ќе изгуби и нема што да понуди, затоа што во овие година и пол додели пари од унгарскиот кредит, што градоначалниците не се дел Влада, изјави Исени.

Инаку според информациите кои кружат во јавноста,  ДУИ биле подготвени да се откажат и од позицијата собраниски спикер, само за да бидат дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Тачи јавно кажа дека се кае  што воопшто влегол во „Европскиот фронт„, кој сега го напушти, и дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за разлика од премиерот Мицкоски, бил тој што го прекршил дадениот збор. Потенцираше дека го почитува Мицкоски, бидејќи го исполнил ветувањето да не го земе Ахмети во власта. Порача дека ако ДУИ продолжат да манипулираат јавно ќе обелодени колку пати ДУИ молеле кај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Матеја Петровски