Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

ДСЗИ во понеделник ќе ја чешла работата на Токсикологија, „со еден потпис не е законски да се вработува кадар“

Министерството за здравство и Клиниката за Токсикологија работат незаконски, алармираат од Државниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство и Клиниката за Токсикологија работат незаконски, алармираат од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Од таму велат дека Клиниката не смее да вработува луѓе само со еден потпис. Но спротивно на законот, Бесија Иљази им дала решенија за работа на 18-те луѓе. Од нив 17 се етнички Албанци. Дел се административно –технички, но има и медицински кадар. Меѓу нив е и болничарот кој јавно призна дека прашал дали може да се врши замена на материјали за урина и наместо со наркотици, примерокот да биде чист. Медицинскиот директор Данил Петровски кој пред три дена го разреши министерот за здравство додека е на годишен одмор, и тоа е против законски велат од ДСЗИ. Според правилата, додека вработениот е на годишен одмор не смее да биде избркан. Здравствените инспектори после овие скандали, најавуваат дека следната недела повторно влегуваат на Токсикологија.

“Следната недела ќе направиме вонредна контрола на Клиниката за Токсикологија. Организациската дирекорка Бесија Иљази не смее со еден потпис да им даде решенија за вработувања на овие 18 луѓе. А Mинистерството за здравство не смее да го разреши од директорска функција директорот Данил Петровски додека е на годишен одмор” велат од ДСЗИ, за Алфа.

Ситуацијата на Клиниката за Токсикологија се “разгори” и со обвинувањата за еден од најстарите професори Нико Беќаровски.Тој од овие нововработени беше обвинет дека ги навредувал на етничка основа.

Реклама

Беќаровски остро демантираше и побара да се повлече објавата или да се извини министерот Демири за како што вели лажните обвинувања за него, кој му го нарушиле угледот. Професорот најави и тужби против сите лица потпишани на изјавата објавена преку министерството за здравство.

И по 48 часа од министерот Демири нема никаков збор. Ниту се извини, ниту го повлече напишаното.

Ања Лукарова