Реклама

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Македонија

Дрекслер: Потребен е сеопфатен пристап кон отпорноста, вие сте проактивен партнер во регионалната безбедност и зајакнувањето на стабилноста

Регионалната поврзаност на Западен Балкан е геополитичка неопходност и директен заеднички одговор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регионалната поврзаност на Западен Балкан е геополитичка неопходност и директен заеднички одговор за зачувување на севкупната стабилност на Европа, оцени денеска германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, посочувајќи дека отпорноста на инфраструктурата, кибербезбедноста, економската стабилност, климатската подготвеност и владеењето на правото се меѓусебно поврзани елементи на современата безбедност.

Говорејќи на панел-дискусијата на тема „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“, Дрекслер посочи дека економскиот раст, критичната инфраструктура и безбедноста се меѓу приоритетните теми и на денешната средба на европските и регионалните лидери во Црна Гора, во рамки на Берлинскиот процес.

– Мислам дека ова докажува една работа, регионалната поврзаност повеќе не е само економска придобивка, туку геополитичка неопходност. Поврзувањето на Западен Балкан заради зајакнување на отпорноста е нашиот непосреден заеднички одговор за зачувување на севкупната стабилност на Европа. Убедени сме во тоа и се надевам дека ова ќе биде потврдено и на денешната средба на лидерите – рече германската амбасадорка.

Реклама

Таа нагласи дека отпорноста на физичката инфраструктура има големо стратешко значење не само за Македонија и Западен Балкан, туку и за Европа во целина. Притоа, посочи дека инфраструктурата не треба да се разгледува изолирано, ниту отпорноста да се сведе само на физичката издржливост на електроенергетските мрежи, гасоводите и патиштата.

– Она што ни е потребно денес, според мене, е сеопфатен пристап кон отпорноста. Тоа подразбира киберотпорност за одбрана на меѓусебно поврзаните мрежи од хибридни напади. Подразбира и економска отпорност за заштита на нашите синџири на снабдување. Климатската отпорност не е само еколошка неопходност, туку и безбедносен императив за да се спречат идни системски потреси што би ги погодиле нашите енергетски и водоснабдителни системи. И, во основа, како што веќе споменав, тука е и демократската отпорност – истакна Дрекслер.

Таа се осврна и на неодамна објавените ажурирани основни барања на НАТО за национална отпорност за 2026 година, со кои повторно се дефинира степенот на нарушувања, кои едно општество треба да биде способно да го издржи.

– Ова е првото големо ревидирање на овие барања во последната деценија и со него експлицитно се предвидува пристап што ги вклучува и владата и општеството. Цивилната подготвеност, од зајакнати кризно-оперативни центри до безбедни комуникации за цивилни потреби директно се поврзува со поддршката на воените капацитети и колективната одбрана – рече таа.

Дрекслер нагласи дека Македонија веќе нуди примери за спроведување на сеопфатен пристап насочен кон иднината во сферата на зајакнување на отпорноста. 

Како прв пример го наведе усвојувањето на Законот за кибербезбедност претходно годинава, со кој, како што рече, земјата презема одговорност за промените и ги унапредува своите центри за податоци и енергетски центри, прогласувајќи ги за критична национална инфраструктура. Вториот пример, додаде таа е соработката со Украина, поддржана од НАТО, за воспоставување систем за командување при инциденти од новата генерација.

– И тука гледаме значајни успеси на Македонија. Со својата посветеност на воспоставување целосно оперативни капацитети за службите за прва интервенција, унапредени со вештачка интелигенција и со можности за кибербезбедност, земјата ја покажува својата улога како проактивен партнер и во регионалната безбедност – истакна германската амбасадорка.

Таа нагласи дека техничките и стратешките достигнувања за да бидат одржливи, неопходно е да се адресираат и основните општествени и институционални предизвици.

– Бидејќи, на крајот, отпорноста е силна само онолку колку што се силни системите и луѓето што ја одржуваат. За тоа е потребно подобрување на подготвеноста за кризни ситуации, со цел да се обезбедат усогласени, координирани и ефикасни активности за ублажување на последиците од катастрофите. Потребна е и подготвеност за справување со предизвиците на сите нивоа на власта, во сите институции и во нашите општества нагласи Дрекслер.

Како основен предуслов за долгорочна отпорност таа го посочи и функционалното и независно судство, нагласувајќи дека без судски интегритет и владеење на правото не може целосно да се воспостави неопходната институционална доверба.

На крајот, мислам дека треба да запомниме и дека функционалното и независно судство е основа и предуслов за сè друго. Без интегритет на судството и владеење на правото, не може целосно да се воспостави институционалната доверба што е неопходна за долгорочна отпорност – истакна таа.

Панел-дискусијата на тема „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“, е во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје и Фондацијата „Конрад Аденауер“.