Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Докиќ: Со спречување на пасивното пушење значително ќе се намалат здравствените последици, особено кај децата, и ќе се придонесе за поздрава нација

Со спречување на пасивното пушење значително ќе се намали бројот на несакани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со спречување на пасивното пушење значително ќе се намали бројот на несакани здравствени последици, кои можеби не се веднаш видливи, но долгорочно ќе придонесат за создавање поздрава нација, изјави проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог алерголог, кого го прашавме за коментар за најавениот нов закон против пушењето.

– Новиот закон против пушењето, морам да признам, е доста рестриктивен, но гледам исклучиво позитивни ефекти и бенефити од неговата примена за целото општество. Пред сè, со овој закон ќе бидат поштедени непушачите од изложеност на пасивно пушење како во угостителските објекти така и во автомобилите – дециден е Докиќ.

Докторот нагласи дека тоа е значаен чекор кон подобрување на јавното здравје.

Реклама

– Особено важно е што законот предвидува заштита на децата со забрана за пушење во нивно присуство, особено во затворени простори. Децата се највулнерабилната група и тие најмногу ги чувствуваат штетните последици од пушењето поради што нивната заштита е од примарно значење за нашето општество. Ова го сметам за еден од клучните и најпозитивни бенефити на законот. Со спречување на пасивното пушење значително ќе се намали бројот на несакани здравствени последици, кои можеби не се веднаш видливи, но долгорочно ќе придонесат за создавање поздрава нација – додаде Докиќ.

Исто така, како што нагласи докторот, ригорозните мерки може да влијаат мотивирачки кај некои од пушачите и да размислат за прекин на пушењето.

– Секако, на тие лица треба соодветно да им се помогне со цел да се намали бројот на пушачи во земјата. Со тоа не само што ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните, туку и ќе се продолжи животниот век, особено доколку со пушењето се престане навреме – категоричен e Докиќ.