Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Доделени 24 ортопедски помагала на лица со телесен инвалидитет

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани заедно со претседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани заедно со претседателот на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија – Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски доделија 24 ортопедски помагала на лица со телесен инвалидитет. Средствата за набавка на помагалата се обезбедуваат на годишно ниво од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Мобилност Македонија, преку јавна објава на социјалните мрежи и повик објавен во два печатени весници на транспарентен начин ги повика своите членови, како и останатите лица со телесен инвалидитет од Северна Македонија кои имаат потреба од ортопедски помагала и додатоци на ортопедски помагала, да се пријават на отворениот повик.

Повикот се однесуваше на електромоторни скутери, инвалидски колички на електромоторен погон и електромоторни додатоци за инвалидска количка. Притоа беа доделени 14 електромоторни скутери, 7 инвалидски колички на електромоторен погон и 3 електромоторни додатоци за инвалидска количка.

Реклама

Министерот подвлече дека овие помагала не се само технички средства. Тие претставуваат средство за слобода, независност, активност и самодоверба. Како и дека тие се дел од патот кон самостоен живот и инклузија.

Притоа, изрази благодарност до Мобилност Македонија, здравствените и социјалните работници и организациите кои работат со лицата со попреченост за нивната посветеност и придонесот за реализација на оваа важна мисија.

„Остануваме посветени на создавање на општество во кое секој има можност да живее, учествува и придонесува рамноправно. Заедно да продолжиме да чекориме кон поинклузивна иднина,“ порача Лимани.