Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

До 2030 година грантови од 5 000 до 300 000 евра за зелена трансформација на компаниите

Грантови од 5 000 до 300 000 евра за зелена трансформација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грантови од 5 000 до 300 000 евра за зелена трансформација на компаниите, предвидува проектот што во следните четири години ќе го спроведува Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА). Проектот „тежок“ 25 милиони евра, ќе се реализира во периодот 2026 – 2030 година и со него се очекува да бидат поддржани најмалку 300 мали, микро и средни претрпијатија.

Грантовата шема ќе изнесува вкупно 22 милиона евра, а компаниите, зависно од инструментот, ќе треба да учествуваат со 20 – 50 отсто сопствено финансирање. 

Првите повици ќе бидат објавени во средината на 2026 година, а ќе се реализира и инфо-караван во соработка со општините, стопанските комори, регионалните центри и секторските здруженија за поддршката да стигне до компаниите.

Реклама

Како што беше речено денеска на настанот по повод официјалниот почеток на проектот „Грантова шема за поддршка на претпријатијата за зелено работење“, зависно од големината и потребите на фирмите, ќе се применуваат повеќе финансиски инструменти – преку јавни повици компаниите ќе може да аплицираат за техничка и советодавна поддршка, за стандардизација и за финансиска поддршка за набавка на опрема, технологии и развој на нови производи. 

Според директорката на ИНОВА, Даниела Димовска, денес почнува важна трансформација на македонската економија, а ИНОВА ќе ја води промената не како администрација, туку како вистински партнер на бизнисот. 

-Оваа грантова шема е создадена за вас, ова е можност да инвестирате со поддршка, ова е шанса уште денес да се подготвите за новите барања на пазарот, да бидете модерни, конкуреннти, зелени и рамноправни играчи на евреопскиот пазар. Македонија може, знае и мора да оди напред, паметно одржливо и храбро. Сега е време за зелена акција, им порача директорката на компаниите.

Во обраќањето, Димовска потенцира дека грантовите се наменети за фирми што инвестираат во одржливи, еколошки и иновативни решенија. Целна група, објасни, се мали, микро и средни претрпијатија, особено од производствениот сектор, но и од други дејности кои можат да придоенсат за намалување на отпадот и за зголемено користење на зелената енергија. Фокус се, дополни директорката, компании што имаат потенцијал за реална зелена трансформација. 

-Нашата амбиција е создавање нова генерација компании кои не само што ќе ги следат европските стандарди, туку ќе бидат чекор пред нив. Градиме концепт на зелени лидери – компании кои покажуваат дека зелената транзиција не е трошок, туку инвестиција во иднината. Паралелно создаваме хаб на знаења, како жива платформа за споделување искуства, практики и научени лекци, а ефектите се јасни – одржлкиви и ефикасни комапнии, пониски трошоци, поголема конкурентност, нови зелени работни места и економија што расте без да ја загрозува иднината на следните генрации, подвлече Димовска.

Проектот, додаде, директно придонесува за европскиот „грин дил“ и Зелената агенда на Западен Балкан.

-Очекуваме оваа поддршка значително да придонесе кон побрза примена на зелените практики, но и кон зголемување на свеста за економските придобивки од зелената транзиција, истакна Димовска.

Од 25-те милиони евра колку што е вредноста на проектот, 18 милиони се поддршка од ЕУ, а седум милиони евра се буџетски средства.

На настанот присуствува и се обрати и премиерот Христијан Мицкоски.