Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

До 17:00 часот излезеноста 39,61 отсто

Излезеноста на локалните избори до 17:00 часот е 39,61 отсто, соопшти Државната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Излезеноста на локалните избори до 17:00 часот е 39,61 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето се одвива без проблеми и засега не се пристигнати никакви дојави за евентуални нерегуларности или неправилности.

Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, пристгнати се податоци од 3 221 избирачко место. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1 699 296. Процентот на избирачки места од кои се пристигнати овие податоци е 92,72.

-Најголема излезеност има во Вевчани 61,84, Дебарца 53,41, Демир Капија 57,65, Дојран 60,91, Зелениково 52,77, Карбинци 50,25, Конче 55,13, Крива Паланка 56,01, Кривогаштани 52,33, Крушево 60,31, Лозово 61,09, Македонски Брод 59,66, Пробиштип 56,43, Ранковце 57,07, Росоман 58,69, Старо Нагоричане 52,26, Чашка 65,50 и Чучер Сандево 51,74 отсто. Најмала излезеност е регистрирана во Шуто Оризари 30,38 проценти, Радовиш 31,57, Маворов Ростуше 25,89, Пласница 32,87, Врапчиште 20,94 отсто, информира Тодоровска Алексовска на прес-конференција.

Реклама

Во Град Скопје излезеноста по општини е: во Аеродром 39,32, Бутел 42,29, Гази Баба 35,55, Ѓорче Петров 37,73, Карпош 42,86, Кисела Вода 39,37, Сарај 47,94, Центар 42,35, Чаир 45,09 и Шуто Оризари 30,38 отсто.

-На локалните избори во 2021 година, според тогашниот пресек во 17:00 часот, излезеноста во Скопје била 41,38 отсто, истакна Тодоровска Алексовска.

Според неа, досега нема најава за продолжување на гласањето по 19 часот во ниту едно од избирачките места. ДИК апелира изборните органи да не ја попречуваат работата на домашните медиумски работници и од нив да не бараат акредитации од ДИК.