Реклама

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

Прилози

Дизел има секаде, ама сега нема луѓе: состојбата на бензинските станици се стабилизираше по поскапувањето

Иако цените рипнаа буквално насекаде во регионот, но сепак и по поскапувањето,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако цените рипнаа буквално насекаде во регионот, но сепак и по поскапувањето, Македонија останува меѓу државите со најефтини горива. Гужвите кои вчера ги преплавија бензинските пумпи утрово спласнаа, на пумпите многу ретко може да се забележат коли, а повторно се точи и дизел. Од пазарниот инспекторат најавуваат засилени контроли кај бензинските, а досега се извршени над 300 инспекциски надзори во изминативе четири дена. Контролите покажале дека за сега не е констатирано криење на залихите на гориво.

„Увидено е дека 30-тина бензински станици ги истрошиле залихите, престанале со точење, има и неколку бензински каде што е продолжен инспекцискиот надзор, доколку има прекршувања на законот ќе имаат соодветни мерки согласно со закон.“– вели директорот на ДПИ Влатко Стојкоски.

Граѓаните се исплашени дека покачувањето на цените на нафтата ќе донесат и зголемување на цените на дугите основни потреби.

Реклама

„Многу е. Тоа повлекува се, мислам дека после тоа ќе има и поскапување на храната. Реално и не се толку скапи цените во однос на другите држави“– велат граѓаните.

Од денес возачите во Македонија плаќаат 1,29 евра за бензин, а доколку возилата користат дизел цената е 1,39 евра за литар. Премиерот вели дека и по паскапувањето горивото кај нас е поефтино од било каде во регионот.

Ако се споредат цените, Македонија убедливо има најефтин дизел, а најприближна цена имаат Босна и Херцеговина каде дизелот чини 1,4 евра. Во Бугарија литар дизел чини 1,43 евра, додека во Србија достигнува 1,73 евра. Уште повисоки се цените во Грција каде дизелот чини 1,78 евра, а во Хрватска пак цената изнесува 1,72 евра. Во Словенија цените за дизелот се околу 1,53 евра, а Косово е приближно слично со 1,55 евра. Најскап дизел плаќаат возачите во Албанија каде цената изнесува скоро 2 евра.

Во однос на бензинот, Босна и Херцеговина се истакнува со најниска цена на литар бензин од 95 октани и чини 1,18 евра. Во Бугарија литар бензин чини 1,34 евра, а во Словенија цената е 1,45 евра. Нешто повисоки се цените во Хрватска каде цената достигнува 1,51 евра, а во Србија бензинот чини 1,52 евра. Убедливо највисоки цени за бензин плаќаат во Грција каде чини 1,81 евра.

Во поголемиот дел од европските држави цените се значително повисоки. Најскап бензин во моментов има Италија каде што цените достигнуваат 1,87 евра, а дизелот достигнува 2 евра.