Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Прилози

Дискредитирањето на медиуми и новинари станува пракса на СДСМ

Станува ли дискриминирањето на новинари и медиуми опасна пракса на новото раководство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Станува ли дискриминирањето на новинари и медиуми опасна пракса на новото раководство на СДСМ? По низата партиски сопштенија полни со лични дисквалификации и напади на новинари, се зачестија и прес конференциите на кои Филипче дрско се пресметува со новинарите.  Во последниот случај повторно на мета беше Алфа и повторно не нападна со истиот вокабулар.

„Алфа фејк њуз“, изјави Венко Филипче.

Наместо да одговори дали е точно дека тој и поранешниот премиер Заев преку притосоци и ургенции во Обвинителството сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“, тој не нападна дека шириме лажни вести и обвини за дефокус. 

Реклама

„Еве гледаш, не знаеш ни што ме праша. Нема да одговорам на прашања од кујната на ВМРО-ДПМНЕ. Дефокус фејк њуз Aлфа мене ме обвинуваат дека имам куќа во Нерези, доаѓаше ваш колега новинар, и што се случи таму ништо, и ова е истата работа, имате одговорност за објективно информирање на јавноста, не за вакви црни кампањи и дискредитирање“, изјави Венко Филипче претседател на СДСМ.

И ваквата ситуација како да беше реприза на она што се случи пред десетина дена, кога од Филипче побаравме објаснување за навредливите партиски соопштенија полни со лични дисквалификации за новинари. Наместо одговор, напад.

„Престанете со пропагандата на ВМРО ДПМНЕ, престанете со фејк њуз и дефокусот“, изјави Венко Филипче на 9 јануари 2026.

И за време на предизборната кампања лани, Филипче влегуваше во вербални преметки со новинари. Како одговор на прашањето за тогаш предложена партиска резолуција,  следуваше обвинување дека новинарите ги загрозувале националните интереси.

„Не се распродадени никако македонските национални интереси, тоа е само една лажна кампања и сметам дека не треба да ја продолжувате, не треба да ги лажете граѓаните затоа што тоа е сериозна работа со која ги загрозувате националните интереси на граѓаните“, изјави Венко Филипче на 1 септември 2025 година.

СДСМ на прес конференција со графикони правеше анализа и на медиумското покривање на одредени политички теми и јавно етикетираше медиуми. ( инсертираш до прилогот на мери).

Кујните на ДПМНЕ и нивните медиумски инсталации имаат проблем со вистината“, изјави Богданка кузевска, портпаролка на СДСМ.

Во едно демократско општество прво и основно правило кое треба да го почитуваат партиските лидери е дека треба да се воздржат од етикетирање медиуми и новинари, без разлика на тоа дали им се допаѓа или не прашањето. Нападот на новинари и  медиуми е во спротивност со европските вредности кои Филипче се обидува да ги промовира пред граѓаните.