Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Директорот на СИЗ во тетово го прогласил внукот за социјален случај на хартија, за да евтино му издаде државен стан

Директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен простор во Тетово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен простор во Тетово и претседател на општинската организација на СДСМ, Бобан Видоески му дал државен стан под закуп на внукот од сестра, Воислав Трипуновски манипулирајќи дека е социјален случај, а тој е наставник по македоски јазик во тетовското Основно училиште Гоце Делчев, информираат неофицијални извори за Алфа. 

Според документите до кои дојде Алфа, претседателот на организацијата на СДСМ во Тетово, Видоески својот внук од сестра го напишал дека е лице во социјален ризик за да може од претпријатието каде директорува да му додели државен стан под кирија.

На неговиот Фејсбук профил му ја честита венчавката на Трипуновски. Тој, пак, судејќи по фотографиите кои ги објавува неговата сопруга е далеку од лице на кое му е потребна социјална помош од државата со оглед на неговите патувања во Дубаи.

Реклама

Како што стои на решението од Влада, комисијата за станбени прашања донела решение со кое Трипуновски му доделува стан под закуп во Тетово.

На Восилав Трипуновски од Тетово му се доделува стан под закуп на улица …….во Тетово со статус на лице во социјален ризик до решавање на станбено пшрашање.

За користење на станот именуванието е должен да склучи договор за закуп со АД за изградба и стопанисување со станбен простор во Тетово во рок од 15 дена од денот на приемот на ова решение, велат од Комисија на Влада за станбени прашања.

Алфа повеќе од една недела чека одговор од Владата за овој скандал, но бидејќи се уште немаме одговор, одлучивме да објавиме.

Неофицијално, не само наставникот кој се претставува како социјален случај за да плаќа ефтина кирија, туку и сопругата е пд закрила на државата и е дел од државната администрација.

На потег е антикорупциска и останатите надлежни институции кои треба да оформат предмет за да ја истражат евентуалната злоупотреба на тетовскиот директор кој на практичен начин го вдомил синот на сестра му.

Паула Костадиновска